Данска: Многу контроверзи по забраната на бурката | Свет | DW | 02.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Данска: Многу контроверзи по забраната на бурката

Во мај Данска одлучи да им се приклучи на Франција и други европски земји забранувајќи целосно покривање на лицето во јавност. Според владата, тоа е начин да се зачуваат секуларните вредности, но не сите се согласуваат.

Повеќе од илјада дански граѓани маршираа во средата низ Копенхаген протестирајќи против новиот закон со кој се забранува целосно покривање на лицето во јавност, обвинувајќи ја владата дека ги нарушува правата на жените да се облекуваат како сакаат. Повеќе земји-членки на ЕУ веќе се одлучија на таков чекор, меѓу нив и Франција и Бугарија. Во Германија сѐ уште се води дебата на таа тема, иако генерална забрана не постои. 

„Сакаме да ѝ испратиме сигнал на владата дека нема да се потчиниме на дискриминацијата и законот кој е директно насочен кон верско малцинство“, изјави Сабина, 21-годишна студентка која носи никаб.

Таа е една од околу 200 муслиманки во Данска - околу 0,1 отсто од нивниот вкупен број во земјата - кои секојдневно носат никаб или бурка. Муслиманите сочинуваат околу 5 проценти од населението во 5,7 милионска Данска.

И една друга муслиманка по име Сара се бори против забраната на данските власти.
Повеќе погледнете во видеото:

Гледај видео 02:19

Битката на Сара

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама