1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Даночните оази на кинеската елита

С.Недевски/бг/ еф/тш23 јануари 2014

Кинеското раководство себеси се претставува како застапник на обичниот народ. Светските медиуми меѓутоа објавија податок дека врвни кинески политичари и нивни роднини во голем стил префрлале пари во даночните оази.

https://p.dw.com/p/1AvOj
Фотографија: AP

Кинеската државна и политичка елита веќе со години тајно врши финансиски трансакции преку даночните оази во странство. Бројни блиски роднини на водечките членови на Комунистичката партија на Кина и на други влијателни политичари, имаат т.н офшор фирми на британските Девствени острови и во други карипски држави и во голем стил го прикриваат своето богатство. Овие податоци произлегуваат од доверливите документи, збирката на таканаречени офшор-ликс податоци, кои им се достапни на германскиот весник „Зиддојче цајтунг“ и на телевизијата НДР.

Станува збор база на податоци со големина од 260 гигабајти, која во 2011. година анонимно му била доставена на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ) со седиште во Вашингтон, организација која има членови од повеќе од 60 земји.

Податоците се однесуваат на најтесното раководство на кинеската држава. Листата е долга Во документите се споменува и зетот на кинескиот претседател Си Џинпинг како и роднини на неговиот претходник Ху Џинтао. И семејството на поранешниот премиер Вен Џиабао наводно оформило повеќе фирми во даночните оази., а на нивно чело се синот и зетот на Џиабао. Во документите се споменува и името на неговата ќерка. Истотака и роднини на семејството на друг поранешен премиер Ли Пенг наводно биле вмешани во тајни трансакции на карипските држави.

Вообичаена практика

Офшор фирмите веќе одамна се вообичаена практика меѓу кинеската раководна елита. Жерката на Ли Пенг кој беше премиер од 1987. до 1998 година, правела зделки преку карпските држави исто како и внукот на Ху Џинтао кој беше кинески претседател од 2003. до 2013. година

Symbol Offshore Leaks
Фотографија: picture alliance/APA/picturedesk.com

И семејството на Денг Сиаопинг зработувало од такви компании во странство. Денг важи за еден од најзначајните политичари во модерна Кина. Тој од заднина управуваше со Комунистичката партија од крајот на 70-те години на минатиот век па се до смртта во 1997. година

Исто така бројни членови на Народниот конгрес се забележани како директори на офшор компании. за политичката елита на Кина ваквите обвинувања се многу деликатни. Да се има фирма во некоја даночна оаза не е илегално, меѓутоа за извоз на девизи постојат многу строги правила и ограничувања.

„Претставници на народот“

Лидерите на Комунистичката партија во јавноста себеси се претставуваат како застапници на обичниот народ. Богатство и банкарски сметки во странство на кои лежат милиони не се вклопуваат во целокупната слика. Податоците за т.н офшор сметки наведуваат на заклучок дека заработувачката и распределбата на парите често им се дава во надлежност на блиски роднини.

Невладината организација "Global Financial Integrity" проценува дека годишно од Кина во странство нелегално се префрлуваат 107 милијардо долари. Како основачи и директори на вкупно 2 илјади офшор компанија регистрирани се бројни членови на Народниот конгрес, менаџери на државни претпријатија и водечки личности од светот на бизнисот. Мнозинство од нив се регистрирани на британските Девствени острови.

Symbolbild Steueroasen British Virgin Islands
Фотографија: Fotolia/Trueffelpix

Богатите Кинези во многу случаи можат да се надеваат на помош од западните банки. Швајцарските банки УБС и Кредит Свис се појавуваат во базата на подаатоци исто како и други банки како на пример Дојче Банк во улога на помагачи на Кинезите во извршувањето на нивните нетранспарентни бизниси.

Дојче банк на прашањата на новинарите одговори дека „нејзините клиенти во целосен обем ги регулираат сопствените даночни обврски и притоа ги почитуваат даночните закони“.

Порртпарол на УБС соопшти дека зделките на интерно регулирање се „најстроги во браншата“. Кредит Свис досега се нема изјаснето исто како и семејствата на кинеските политичари кои се оосомничени за спорни зделки и трансакции на пари во странство. Во кинеските државни медиуми постои апсолутен молк за најновите откритија од т.н офшор- ликс кои овојпат се однесуваат исклучиво на Кина.