Дали Франција е подготвена за Марин Ле Пен? | Свет | DW | 14.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Дали Франција е подготвена за Марин Ле Пен?

Францускиот Национален фронт ја започнува изборната година со оптимизам и надеж дека ќе привлече голем дел од мејнстрим гласачите кои ќе ја донесат Марин Ле Пен на посакуваната функција.

Времето е толку студено што рацете на Лорен Сале се здрвени додека ги дели флаерите на неделниот пазар на кои е испечатено насмеаното лице на лидерот на крајната десница. Пред четири години, Сале беше обичен член на Национален фронт (НФ), партијата предводена од Ле Пен. Денес, тој е општински советник во париското предградие, поранешно комунистичко упориште, од каде Ајфеловата кула се гледа само во хоризонтот. Иако многу купувачи на пазарот го одминуваат, некои застануваат да земат и стават некој флаер во своите торби за купување полни со сирење и свеж зеленчук.

„Гледам промена во начинот на кој луѓето гледаат кон нас“, вели Сале кој се придружил на НФ пред три децении, кога имал само 16 години. „Не е толку конфликтно затоа што стравовите се намалија. Луѓето нѐ гледаат што правиме и како работиме на местата каде што имаме функционери".

Денес, партијата сака да се приклучи на политичкиот мејнстрим, надевајќи се дека гласачите ќе ја изберат 48-годишната Ле Пен за прва жена лидер на Франција. Иако НФ долго време имаше статична улога во националната политика, Сале не е единствен кој го забележува зголеменото прифаќање од јавноста:

„Пред пет или шест години многу гласачи не сакаа да им кажат на анкетарите дека размислуваат да гласаат за Национален фронт“, вели експертот за крајната десница Жан-Ив Ками. „Денес тие го искажуваат своето мислење, иако НФ не се променети во однос на прашањата за националниот идентитет, имиграцијата и ксенофобијата“, изјави тој за ДВ.

Wahlumfrage - Laurent Salles (DW/E. Bryant)

Пратеникот на ФН, Лорен Сале (десно), во разговор со потенцијални гласачи

Бранење на популизмот

За време на неодамнешното интервју со странските медиуми во кое учествуваше и ДВ, Ле Пен ги објави претседателските приоритети кои вклучуваат одново преговарање на условите за членство на Франција во Европската унија и одржување на т.н. „Фрегзит“, референдум за напуштање на ЕУ во првите шест месеци од доаѓањето на функцијата, како и намалување на бројот на парламентарци како дел од поширок потфат да се намалат слоевите на владата.

Марин Ле Пен го бранеше ширењето на популизмот низ Европа и САД. „Тоа се тие кои сакаат да ја одбранат владата од, за и во име на народот?“, праша Ле Пен, која беше меѓу првите европски политичари кои му честита на Доналд Трамп за победата. „Ако е така, тогаш прифаќам да бидам нарекувана популист“, изјави таа.

Во однос на надворешната политика, Ле Пен ја обвини ЕУ за кризата во Украина и отвори можност за затоплување на односите помеѓу САД и Русија под претседателството на Трамп. „Не сакам војна помеѓу САД и Русија поради многу егоистична причина – ние сме во средина“, изјави таа и повика на алијанса меѓу Франција, Русија и САД во борба против исламскиот екстремизам.

Новиот имиџ на крајната десница

Француската претседателска кампања е една од најблизу набљудуваните оваа година во Европа и Ле Пен „јава на бранот" на незадоволството на гласачите и бавната економија, зголемената имиграција и милитантниот ислам. Претседателот Франсоа Оланд е толку непопуларен кај гласачите што минатиот месец најави дека нема повторно да се кандидира.

Frankreich Eiffelturm wegen Streiks weiter geschlossen (picture alliance/AP Photo/M. Euler)

Изборите во мај ќе дадат одговор на многу прашања во Франција

Многумина предвидуваат дека Ле Пен ќе води во првиот круг на гласање во април, но дека ќе изгуби на финалното гласањето во мај, најверојатно од Франсоа Фијон од десниот центар - исход сличен на оној од 2002 година, кога нејзиниот татко Жан-Мари Ле Пен изгуби од тогашниот претседател Жак Ширак, што се претвори во масивен референдум против екстремизмот.

Денес, помладата Ле Пен е далеку попопуларна од нејзиниот татко. Таа ги омекна острите екстремистички рабови на НФ, правејќи ја партијата попривлечна за широкото гласачко тело.

„Вообичаено екстремно десните партии ги водат мажи“, вели аналитичарот Ками. „Сега ја имаме оваа жена која е во 40-тите години од животот, која е претставена како модерна жена и која привлекува не само повозрасни машки гласачи, туку и млади жени.“

Време за промена?

Истрагата за наводното противправно користење на асистентите од страна на НФ во Европскиот парламент - која Ле Пен ја отфрли како политички темпирана, а истовремено се води процес за поднесување на правна жалба во Брисел - најверојатно нема да ѝ наштети на поддршката, оценува Ками. 

Гледај видео 02:02

Франција врти в десно

„Просечниот поддржувач на Национален фронт не ја сака ЕУ и тоа може дури да биде бенефит за партијата“, вели тој.

На пазарот Суресне, компјутерскиот техничар Оливие Никола размислува да гласа за Ле Пен. Тој не се согласува со економските политики на НФ, но смета дека Франција мора да ја ограничи имиграцијата и да воведе контрола врз границите. Тој вели дека Ле Пен има „интегритет“.

„Не верувам дека таа може да победи“, изјави тој за ДВ. „Ограничени се поради етикетирањето во медиумите дека се крајно десничарска партија, иако нивните идеи се речиси исти како и на десниот центар во 1990-те години“.

Друг купувач, 59-годишната Евелин Ноде, за ДВ изјави дека верува оти Франција е подготвена за промена.

„Лево, десно, сѐ е исто“, вели таа за мејнстрим алтернативите. „Работите стагнираат. Национален фронт никогаш не биле на власт. Зошто тие би биле полоши?“

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама