Дали Сиријците наскоро ќе мора да се вратат? | Свет | DW | 03.01.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Дали Сиријците наскоро ќе мора да се вратат?

Германската влада смета дека бегалците од Сирија би можеле да го загубат заштитениот статус доколку примирјето во нивната земја се претвори во траен мир. Но, скепсата околу таквиот развој е голема

На Сиријците во Германија во моментов им е тешко да добијат статус на „политички бегалци“. Од средината на минатата година, мнозинството воени бегалци од Сирија добиваат само „супсидијарна заштита“. Врз основа на тој статус, на бегалците од Сирија престојот во Германија им е ограничен на една година и можно е да се продолжи на максимум уште две. Поради ваквата деградација многу Сиријци вложија жалби.
Но, доколку актуелното примирје прерасне во траен мир, ќе се постави прашањето дали на бегалците се уште им е потребна заштита, изјави портпарол на Министерството за внатрешни работи во Берлин.

До оној момент кога дефинитивно може да се каже дека повеќе не постои потреба за заштита, Министерството за внатрешни не гледа потреба да отстапи од досегашната пракса на воените бегалци од Сирија во брз временски рок да им се пружи супсидијарна заштита. Според официјалните податоци, 37,3 отсто од барателите на азил кои поднеле барања од јануари до ноември 2016 година, биле бегалци од Сирија.
Од полицијата уште додаваат дека не се смета автоматски за „политички прогонет“ секој кој е во опасност поради политичката состојба во својата земја. Секој Сириец пред надлежните органи мора да изнесе уверливи докази дека „во сегашниот сириски систем, поради неговите политички ставови и ставовите кон режимот на Асад, бил подложен на големи репресалии“. 

Syrien | Kämpfer der Freien Syrischen Armee

Примирјето во Сирија во моментов делумно се почитува

Примирјето се почитува

Во германското МВР оценуваат дека примирјето во Сирија засега, воглавно, се почитува. Сириските граѓани, за првпат по неколку години, добија можност да ја започнат годината без страв дека ќе станат жртви на насилство.
Примирјето, без учество на САД и Западот, со сирискиот режим и бунтовничките групи го постигнаа Русија, Иран и Турција. Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер беше скептичен дека во Сирија ќе дојде до долгорочен мир. „За мир е потребно далеку повеќе од отсуство на воен конфликт“, изјави Штајнмајер. Следните недели ќе покажат „дали е можно да се стабилизира примирјето“. Без вистински политички преговори и без учество на сите релевантни лидери, борбите нема долгорочно да запрат.
Политичките преговори треба да почнат на 13 јануари во Астана, главниот град на Казахстан. Се уште е отворено дали во нив директно ќе учествуваат и ОН. Во изминатите неколку години, сите индиректни мировни преговори под посредништво на ОН завршија неуспешно.

DW.COM

Реклама