Дали летањето со Боинг 737 Макс 8 е безбедно? | Свет | DW | 13.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Дали летањето со Боинг 737 Макс 8 е безбедно?

Приземјувањата и забраните за користење на воздушниот простор за авионите од моделот Боинг 737 Макс 8 се редат како на лента. Во меѓувреме продолжува истрагата за урнатиот авион во Етиопија.

Црните кутии од урнатиот авион Боинг на компанијата Етиопиан ерлајнс кај Адиса Абеба, ќе бидат истратени на анализа во странство, но засега не е избрано во која земја, изјави портпаролот на етиопската авиокомпанија.

Во ексклузивен разговор за агенцијата АП, Асрат Бегашо рече дека авиокомпанијата се' уште не одлучила каде ќе ги испрати снимачите на податоци и снимачите на звук во пилотската кабина во кои се снимени последните моменти пред да се урне авионот.

Гледај видео 01:43

Расте притисокот врз Боинг

Боингот 737 Макс 8, на компанијата Етиопиан ерлајнс се урна непосредно по полетувањето од Адис Абеба за Најроби во неделата, кога загинаа сите 157 лица во авионот. Оваа несреќа е втора со новиот авион Боинг 737 Макс за 5 месеци поради што земјите и авиокомпаниите ширум светот ги приземјија овие летала или забранија нивен влез во својот воздушен простор.

Американскиот производител на авиони е под притисок.  Во моментов оперативни се 371 Боинг 737 Макс 8 машини ширум светот.

Во октомври, се урна ваков Боинг на индеонезиската компанија Лајон Ер. 189 лица загинаа. Несреќата во Етиопија е слична на онаа во Индонезија. При полетувањето двата авиони загубиле во височина. На пилотите обучени од Боинг не им успеа принудното слетување. Воздухопловните власти на САД пак опстојуваат на тоа дека типот 737 Макс 8 може да лета без проблеми.

Експертите пак се сомневаат дека софтверот може да претставува безбедносен проблем. Од компанијата Боинг уверуваат дека ќе ивршат промени во контролниот софтвер.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама