Дали кафето го продолжува животот? | Панорама | DW | 12.07.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Дали кафето го продолжува животот?

Оној кој пие две до три чаши кафе дневно, го намалува личниот ризик од предвремена смрт до 18 проценти.

Две долгорочни студии тврдат дека луѓето кои пијат кафе, живеат подолго. Оној кој пие две до три чаши кафе дневно, го намалува личниот ризик од предвремена смрт до 18 проценти. Која е причината? Кафето всушност е мешавина од околу 1000 хемиски состојки. Корисни за човечкиот организам се полифенолите и антиоксидантите. Кои супстанции конкретно предизвикуваат кафето да биде здраво и корисно за човекот, сѐуште се испитува. Дали се пие кафе со или без кофеин, не игра притоа никаква улога.

 

Гледај видео 00:52

Оние кои пијат кафе, живеат подолго?

Реклама