Дали забраната за дизел-возила во градовите е законска? | Економија | DW | 22.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Дали забраната за дизел-возила во градовите е законска?

Германија напрегнато ја очекува денешната (22.02) пресуда на Сојузниот управен суд во Лајпциг околу одлуката за забрана на возење дизел во градовите со цел да се намали загадувањето на воздухот.

Што е суштината на проблемот?

Во многу градови во Германија воздухот е загаден. Граничните вредности за чист воздух се пречекоруваат со години. Причината лежи во високата концентрација на отровни азотни оксиди. Тие се штетни за дишните патишта, водат до заболувања на срцето и крвотокот, до проблеми на белите дробови и како резултат на тие болести - водат до прерана смрт.

Азотните оксиди се ослободуваат пред сѐ преку дизел-моторите. Во градовите „три четвртини од азотните оксиди се предизвикани од дизел-возила“, објаснува Хелмут Деди, раководител на Здружението на германски градови.

Со оглед на тоа што најголемиот дел од системите за издувни гасови на дизел-возилата не функционираа како што треба, градовите сега се соочени со тешкотии да ги исполнат законските прописи за чист воздух и заштита на здравјето на граѓаните. „Без промени на возилата нема да можеме да се држиме до пропишаните гранични вредности“, вели Деди за ДВ. „Доколку нешто трајно не се промени кај дизел-возилата, тогаш нема да можеме да се откажеме од забрана за вакви возила.“

Повеќе:

Можен ли е бесплатен градски превоз во Германија?

ЕК се заканува со тужби против загадувачите на воздухот

Автобраншата - првак во измами

За што одлучува Сојузниот управен суд?

Организацијата за заштита на животната средина и потрошувачите Германска еколошка помош (ДУХ) поднесе тужба против покраините Баден Виртемберг и Северна Рајна Вестфалија поради големо пречекорување на дозволените граници за загадување на воздухот.

Судот во Штутгарт забраната за возење ја нарече „најефективна“ мерка и оцени дека интересот за заштита на здравјето е повисок од интересот на возачите на дизел-возила. Диселдорфскиот суд пак, пресуди дека забраната за дизел-возила во Диселдорф би морала да се „проанализира најсериозно“.

Двете покраини искажаа скепса околу тоа дали забраната за возење е правно издржана и затоа побараа т.н. ревизија со прескокнување (кога се пресконува повисоката судска инстанца и предметот веднаш стигнува до највисоката судска инстанца). Сега Сојузниот управен суд мора да реши дали забраната за возење дизел-автомобили во градовите е правно дозволена или не.

Гледај видео 02:32

Дизелите интересни само за балканскиот пазар

Каков ефект ќе има одлуката на судот?

Пресудата ќе биде сигнал за граѓаните во градовите, за сопствениците на дизел-возилата, за политиката и за автомобилската индустрија. Доколу судот одлучи дека забраната за дизел-возила со цел да се одржува чист воздух е правно дозволена, тогаш надлежните институции имаат можност да воведат вакви мерки во градовите каде воздухот е особено многу загаден.

Доколку судиите сметаат дека забраната за возење нема правна основа, тогаш надлежните власти нема да може да применат вакви мерки без промена на законот. Во таков случај, вели Деди, се појавува уште едно друго прашање: „Како воопшто можам да се погрижам за придржување до пропишаните гранични вредности до одреден термин? Тоа повторно ќе ја вжешти политичката дебата. Тогаш ќе мора да се одговори на ова прашање.“

Гледај видео 02:29

#DE_facto: Колку ќе поевтинат германските дизели?

Доопремување на возилата и сини плакети се неизбежни?

По пресудата се очекува нова динамика во контекст на дизел-скандалот и на законски пропишаните граници на загадување на воздуот. Со оглед на тоа што според Сојузната управа за екологија не е доволно само да се направи обновување на софтверот на моторите, а и мерки како зголемување на јавниот превоз не можат доволно да придонесат за подобрување на квалитетот на воздухот, „потребно ни е хардверско решение на возилата“, нагласува Деди.

Автомото сојузот во покраината Баден Виртемберг врз основа на едно истражување дојде до заклучок дека доопремувањето на возилата функционира и дека со поддршка на производителите би можело да биде навреме завршено.

Деди смета дека плановите на владата за доопремување на возилата можеби со даночни средства „не е многу среќно“. Одговорноста за доопремување лежи кај автомобилската индустрија и „тоа и треба да се бара од неа“.

Освен тоа, според Деди, градовите треба да воведат сина плакета која би ја добивале дизел-возилата кои се соодветно опремени и кои може да ги задоволат пропишаните граници на загадување.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама