Дали е доволна само една доза од вакцините на Фајзер и Модерна? | Свет | DW | 18.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Дали е доволна само една доза од вакцините на Фајзер и Модерна?

Ковид-вакцините на фармацевтските концерни Фајзер и Модерна покажуваат висока ефикасност веќе по првата доза, се вели во најновата студија на канадски научници. Дали ова сознаније ќе влијае врз процесот на имунизација?

Научниците ги повикаа владите да ја одложат примената на втората доза од вакцината против коронавирусот од компаниите Фајзер/Бионтек, бидејќи веќе по првата доза се покажува нејзината висока делотворност од 92,6 отсто.

Данута Сковронски, канадскиот епидемиолог, и Гастон Де Сер, професор на канадскиот медицински факултет на универзитетот Лавал, во студијата објавена во весникот New England Journal of Medicine велат дека нивните заклучоци се темелат врз документацијата која Фајзер ја поднел до Американската агенција за храна и лекови.

Гледај видео 01:35

До вакцина, како на лотарија

И кај другата вакцина против коронавирусот заснована на информациска РНК, на компанијата Модерна е утврдено дека веќе по првата доза делотворноста е 92,1 насто, пишуваат Сковронски и Де Сер.

Повеќе:

-Студија: Вакцината на Бионтек/Фајзер „екстремно ефикасна“

-Вакцината на АстраЗенека ќе се тестира врз деца и млади

-Што можат, а што не можат да направат вакцините против Ковид-19

„Малку дополнителна полза од втората доза“

Гледај видео 01:41

Ковид-19 и (не)фер распределбата на вакцината ширум светот

Тие, притоа, предупредуваат дека сѐ уште не е познато колку долго трае заштитата која ја пружа само едната доза од вакцината  заснована на информациска РНК, но истакнуваат дека давањето на втората доза еден месец по првата пружа „краткорочно малку дополнителна полза“:

„Со оглед на моменталниот недостаток на вакцини, одложувањето на втората доза е прашање на национална безбедност, која ако биде игнорирана сигурно би резултирало со илјадници хоспитализирани и починати поради Ковид-19 за време на зимата во САД“, пишуваат авторите на студијата.

Фајзер за својата вакцина препорачува давање на двете дози во период од 21 ден и сѐ уште не тестирал други распореди на вакцинирање и порача дека одлуката за давање на само една доза е работа на здравствените власти. „Ние во Фајзер веруваме оти здравствените власти мораат да испитаат други распореди на вакцинирање за да се осигураат дека вакцините пружаат најголема можна заштита“, додаваат од Фајзер.