Дали Германија оставила неказнети илјадници повратници од ИД? | Свет | DW | 09.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Дали Германија оставила неказнети илјадници повратници од ИД?

Правосудните органи во шпицот на бегалската криза, според медиумите, не истражиле илјадници индиции за воени злосторници меѓу барателите на азил. Министерството за внарешни работи сега мора да одговори на куп прашања.

За време на бегалската криза 2015/16 стотици илјади луѓе дојдоа во Германија. Канцеларката Ангела Меркел убедуваше: „Ќе успееме!". Но, властите во тоа време беа претрупани со работа. И денес, години подоцна, и натаму има застој во обработката на барањата за азил.

Таквата преоптовареност на властите сега се покажува во актуелна изјава на Министерството за внатрешни работи цитирана во весникот „Билд": „Големиот број индиции не дозволуваше сите да бидат испитани во информативни разговори со полицијата."

Проблематичниот момент е што многу индиции се однесуваат на „Злосторства против меѓународното право“. Во 2015/16 имало 3800 такви индиции. Истрага имало само во 28 случаи. 

Од кого се индициите?

Извор на тие индиции во најголемиот дел случаи биле соработници на Службата за миграција и бегалци (БАМФ), кои се надлежни за обработка на барањата за азил во Германија. Околу 100 индиции дошле и од други извори. Тие по службена должност биле спроведени до Централната служба за борба против воени злосторства (ЗБКВ) која самата се нарекува „War Crimes Unit". Двете институции се под Министерството за внатрешни работи.

Повеќе:

Германија: Отказ за шефицата на сојузната служба за миграција

Германија „лови“ воени злосторници меѓу бегалците

Злосторства против човештвото

Под „Злосторства против меѓународното право" се излистани цел куп кривични дела. Членството во терористичка организација, како на пример Исламска држава (ИД), е само едно од многуте. Понатаму се содржани и „геноцид, злосторства против човештвото, воени злосторства и агресија".

Министерството не даде одговор на прашањата од страна на пратеничката група на АфД колку луѓе се вработени во службата надлежна за обработка на овие случаи и колку биле на располагање за нивна обработка во 2018.

Веќе една година има јавни податоци

Во дописот од Министерството за внатрешни работи од пред една година цифрите веќе биле објавени, но во тоа време не беа предмет на насловните страници во медиумите во Германија. Сега сето ова излезе во јавноста благодарение на тоа што пратеничката група на ФДП повторно го постави истото прашање.

Од дописот со одговори за АфД произлегува дека откако биле проверени индициите само неколку се покажале издржани. Според тие информации, во 2015 било осудено само едно лице, а во 2016 две за злосторства против меѓународното право. Дали потоа биле и протерани, нема информации.

Horst Seehofer (picture-alliance/dpa/K. Nietfeld)

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер ветува расветлување на случајот

Огорчени реакции од ФДП и АфД

ФДП сега побара консеквентно да се работи на тоа. „Во 2015. и 2016. од стотина индиции имаше само една истражна постапка“, вели политичарката на ФДП, Линда Тојтеберг во писмена изјава за ДВ. „Министерот за внатрешни работи Зехофер мора уште еднаш да ги провери и да им даде колку што е можно поголема поддршка на истражните органи, со цел ниту еден сторител да не остане неказнет“, бара Тојтеберг.

АфД реагира огорчено. Претседателот на правната комисија во Бундестагот, политичарот на АфД Штефан Бранднер, на Твитер праша: „Срамота за оној кој мисли дека е со намера?". Пратеникот од АфД Дирк Шпаниел исто така на Твитер зборува за „потфрлање на државата".

Министерот за внатрешни работи реагираше поинаку од својот портпарол, кој пак објасни дека поради големиот број индиции немало можност за отворање на истраги за сите. Зехофер, според повеќе медиумски извештаи, изјавил оти индициите „не се само онака отфрлени од безебедносните власти, туку биле соодветно проверени, подредени по приоритет и следени понатаму“. Тој најави дека ќе побара „детален извештај" за можните пропусти.

Зехофер сака да го почека извештајот пред да преземе натамошни чекори. Зехофер не беше министер во периодот 2015/16 година.

Според информациите на пратеничката група на ФДП, соодносот меѓу бројот на индиции и истраги во годините потоа е подобрен за една децимала. Од околу 600 индиции во 2017, имало 46 истраги. Во 2018 пак, од 550 индиции биле отворени 49 истражни постапки.

DW.COM

Реклама