Г8 демонстрации | Вести | DW | 07.06.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Г8 демонстрации

*

Повеќе гумени чамци на организацијата за заштита на човековата околина “Гринпис“ денеска успеаја да навлезат во забранетата зона кај хотелскиот комплекс во кој се одржува самитот на Г8. Патролни чамци на полицијата успеаја да ги потиснат непожелните гости, при што еден чамец на Гринпис се преврте. Според информации од организацијата, нејзините активисти сакале само да им предадат петиција на лидерите на Г8 со повик за подобра заштита на светската клима.