Г20 - предупредување од опасна даночна спирала | Економија | DW | 23.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Г20 - предупредување од опасна даночна спирала

Најважните инсудстриски и земји во засилен развој стравуваат од големи ризици за светската економија. Министрите за финансии на самитот во Аргентина повикаа на дијалог во трговските прашања

Глобалната економија е робустна, но краткорочните и среднорочните ризици кои ја загрозуваат растат, истакнаа министрите за финансии и шефовите на централните банки на завршувањето на нивниот самит во аргентинската престолнина Буенос Аирес. Во нив спаѓаат зголемените трговски и геополитички тензии, како и глобалните дисбаланси. „Мораме да го интензивираме дијалогот и да креираме мерки заради сузбивање на ризиците и да поттикнеме раст на довербата“, гласи заедничкиот заклучок на најважните индустриски и земји во засилен економски развој.

Повеќе: 

Кина и ЕУ сѐ поблиски?

Кина против САД: војна за економска превласт

САД во завршната декларација не се поименично споменати, иако се наоѓаат во фокусот на бројни актуелни трговски спорови. Но, предупредувањата од Буенос Аирес се многу поконкретни и појасни отколку оние на самитот на Г20 во март. Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна ги нарече ЕУ и Кина „непријатели“ и „противници“ во трговската политика, а за увоз на нивни производи воведе казнени царини, на што тие реагираа со иста мерка. Според анализа на ММФ, натамошно посегнување по заштитни царини би имало негативни последици за светската економија. Во најлош случај, економскиот раст во 2020. година би изнесувал 0,5 проценти или 430 милијарди американски долари, понизок од досега прогнозираниот. „Меѓународната трговија и инвестиции се важни мотори на развојот, продуктивноста, иновациите и развојот“, се вели во завршната декларација на Г20. 

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц преку Твитер порача дека „не постои алтернатива за тесната мултилатерална соработка“. Тој ги предупреди САД да не воведуваат заштитни царини за автомобилите. „Ако дојде до тоа, тогаш последиците ќе ги сносат и САД и нема лесно да можат да ја стават ситуацијата под контрола“, изјави Шолц во Буенос Аирес. Се очекува за оваа тема со американскиот претседател Доналд Трамп да разговара и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој в среда патува во Вашингтон.

  

 

DW.COM

Реклама