Г20 објавува војна на даночните оази | Економија | DW | 05.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Г20 објавува војна на даночните оази

Светската економија е парализирана, Брегзитот ја зголемува несигурноста. На самитот на Г20 во Кина шефовите на водечките индустриски земји најавија мерки за поттик на конјунктурата.

19-те економски најсилни индустриски и земји во забрзан развој и ЕУ планираат откочување на застојот во светската економија со акциона програма, стои во заклучокот на Г20 во кинески Хангџу. За јакнење на конјунктурата треба да бидат употребени сите расположливи механизми на монетарната и буџетска политика, стои во заедничкото соопштение, во кое шефовите на држави или влади објавија борба против даночните оази.

Програмата против даночните трикови и селењето на профитот, усвоена пред една година, треба да биде надополнета. Државите кои водат нетранспарентна даночна политика засилено влегуваат во визирот - според завршниот документ на Г20, ним им се закануваат санкции. За таа цел Организацијата за економска соработка и развој, ОЕЦД, ќе подготви листа на земји или територии чии даночни системи не одговараат на меѓународните стандарди за транспарентност.

„Транспарентноста е од животна важност“

Јасноста околу вистинските сопственици на фирмите е од животна важност за нормалното функционирање на меѓународниот финансиски систем, само на таков начин е можно спречување на корупцијата и избегнувањето на плаќање данок, но и финансирањето на теророт и перењето пари, смета Г20. Водечките индустриски нации планираат засилена меѓусебна размена на информации со цел запирање на финансирањето на тероризмот. Лидерите од Г20 ја истакнаа определбата за постоење на слободни пазари, поддршка на мултилатералниот трговски систем и спротивставување на протекционизмот, изјави кинескиот претседател Ши Џинпинг, без да наведува конкретни мерки за либерализација на светскиот пазар. На Кина зачестено и‘ се префрла изолирање на нејзиниот огромен внатрешен пазар против другите земји.

Државниците од Г20 не се ограничија само на класичните економски теми, тие повикаа на засилување на хуманитарната помош за бегалците во цел свет. Сите држави треба во рамките на своите можности да ја интензивираат помошта за бегалците, а товарот да биде распределен што е можно поправилно.

Реклама