Грчки пратеници добиваат закани пред гласањето во парламентот | Северна Македонија | DW | 16.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Грчки пратеници добиваат закани пред гласањето во парламентот

Дел од грчките пратеници се соочени со закани пред гласањето за доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас и договорот за името со Македонија.

Заканувачки пораки, слики, повици - дел од грчките пратеници се изложени на сериозни закани пред гласањето за доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас, кое е закажано за денеска, и претстојното гласање за договорот со Македонија за името.

Според медиумски извештаи, една пратеничка која сака да гласа и за владата на Ципрас и за договорот со Македонија, добила пораки преку телефон со слики на жени со отсечени глави. Други парламентарци информираат за заканувачки телефонски повици, насочени против нивните семејства.

Повеќе:

Како ли ќе живееме без спорот за името?

Почна дебатата во грчкиот парламент за доверба на владата

Освен тоа, во северниот дел од Грција и во Солун, во текот на изиминатите денови осамнаа плакати со фотографии на пратеници, на кои стои прашањето: „И ти ли ќе ја предадеш (нашата провинција) Македонија?“

Griechenland, Athen: Alexis Tsiprasspricht vor der Presse (Reuters/A. Konstantinidis)

За владата на Ципрас да преживее, потребно е просто мнозинство од 300 пратеници во парламентот

Полицијата досега има уапсено четири лица.

Прашањето на името предизвикува поделби во Грција. Коалициониот партнер на Ципрас, Панос Каменос, во неделата даде оставка на функцијата министер за одбрана и ја раскина коалицијата поради договорот со Македонија. Ципрас потоа го постави прашањето за доверба на владата, за кое би требало да се гласа до полноќ. На премиерот му е потребно просто мнозинство од вкупно 300 пратеници. Ципрас може да смета на 145-те пратеници од својата Сириза, но за мнозинство му се потребни уште 6 гласови. Набљудувачите сметаат дека тоа ќе му успее. Доколку владата преживее, наредната недела, според најавите, би требало да се гласа и за Преспанскиот договор.

Гледај видео 02:18

„Грција мора да научи да се договара“

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама