Грчките фирми ги исплаќаат вработените со бонови | Економија | DW | 25.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грчките фирми ги исплаќаат вработените со бонови

Неликвидните грчки фирми ги исплаќаат вработените со бонови. Вработените кои се соочуваат со највисоката невработеност во ЕУ се жалат, но немаат алтернатива.

42 годишниот Јоргос бил без работа повеќе од една година и едвај успевал да врзе крај со крај пред да најде работа во локален супермаркет. По неколку месеци на новото работно место, таткото на две деца се соочил со невообичаена пракса од компанијата: дел од платите на вработените отсега ќе бидат плаќани со компензација, а не со пари.

„Немав друга опција“, вели тој, одбивајќи да го открие неговото презиме и името на компанијата поради страв од последици. „Едноставно ги кренав рамениците и се согласив. Не сакав повторно да бидам невработен“.

Неликвидните грчки фирми се борат да излезат на крај со зголемените трошоци за работната сила и социјалните придонеси - што доведува до тоа платите да бидат исплаќани со компензација сѐ повеќе, со што се засилува сивиот пазар во земјата кој веќе зафаќа повеќе од една четвртина од официјалната економија на државата.

Сепак, фактот што еден од тројца Грци се соочува со зголемена стапка на невработеност, исплатите со компензација поттикнуваат и други нефер практики. Ова предизвикува дополнителен хаос во веќе и онака нестабилниот пазар на труд, предупредува ГСЕЕ, најголемиот сојуз на синдикати во Грција кој претставува околу 1.8 милиони вработени во приватниот сектор.

„Дури и платите да се нудат во плочки од злато, тоа би било ужасно нелегално“, изјави секретарот на ГСЕЕ Димитрис Калогеропулос во интервју за ДВ. „Во работните односи се креира менталитет во мафијашки стил“.

Разговорите со меѓународните кредитори продолжуваат

Неколку месеци, Атина и меѓународните кредитори преговараат за условите за ново финансиско спасување кое би ослободило повеќе фондови со кои грчката економија би се одржала на функционално ниво. Договорот се очекува во април, но отстапките на кои левичарската влада на Алексис Ципрас може да се согласи може да предизвикаат внатрешни политички проблеми.

Грците се опоравуваат од седум години брутални буџетски кратења кои придонесоа еден од три бизниси да престанат да работат. Економијата се намали за 25 проценти, а 1,2 милиони работници станаа невработени. Барањата на кредиторите да се олабави регулативата за пазарот на трудот, со што би се поедноставило вработувањето и отпуштањето на работници, предизвикува двоумење кај гласачите и законодавците.

Griechenland Krise - Laden Regale (picture-alliance/dpa/S. Baltagiannis)

Во маркети како овој, купоните можат да се заменат со намирници.

Од почетокот на финансиската криза, колективните договори за вработување беа засенети од сомнителни бизнис договори во кои е утврдена номиналната плата, но нема бенефиции за вработените.

Во 2016 година, само 45,3% од работната сила во приватниот сектор во Грција работела со полно работно време – што претставува драматичен пад споредено со речиси 80% пред да започне кризата во 2009 година.

Во меѓувреме, платите се намалуваат. Околу 70% од работниците во приватниот сектор сега добиваат плата која изнесува помалку од 800 евра месечно. Според истражувањата објавени неодамна, од овие луѓе, околу 25 проценти добиваат помеѓу 500 и 699 евра.

„Додадете ги на ова компаниите кои даваат купони наместо пари на нивните работници и ќе сфатите дека најсреќните работници добиваат малку повеќе од половина од платата на нивните банкарски сметки секој месец“, вели Калогеропулос. „Тоа е лудо и се влошува“

Нечесна пракса

Пред финансиската криза, некои фирми на вработените им издаваа ваучери да ги наградат за нивниот посветен труд. Таквите ваучери вклучуваа престој во одмаралиштата и бесплатни карти за театар или оброци во ексклузивни ресторани.

Но сега тоа е минато, и купоните, најчесто издадени од Тикет Ресторан вклучуваат ваучери за намирници од супермаркетите. Се појавуваат и уште понечесни практики. 

Armut Griechenland (Reuters/A.Konstantinidis)

Многу Грци едвај врзуваат крај со крај и преживуваат благодарение на народните кујни

Еден таков тренд е кога приватни обезбедувачи, во ноќите ги придружуваат вработените до банкоматите и ги тераат да извлечат и да вратат на нивните работодавачи до една третина од нивната исплатена плата.

„Тоа е дел од нечесна пракса, под масата, за која многу вработени се согласуваат само за да ја зачуваат работата“ вели Калогеропулос.

Оваа мафијашка пракса стана многу популарна од декември 2016 година кога преку владин декрет компаниите беа принудени вработените да ги исплаќаат преку банкарски трансфери – потег дизајниран да се спречи раширената даночна евазија и непријавувањето на работниците. Сепак владата очигледно останува несвесна за последиците.

Владата одбива да преземе мерки

И покрај зголемените поплаки, не е отпочната официјална истрага за ваквата пракса. Ниту компаниите кои практикуваат вакви нелегални практики не беа јавно објавени. Минатата недела. ГСЕЕ откри дека во последните месеци добила илјадници поплаки од вработени во телекомуникациски компании, фирми за обезбедување, компании за хигиена и сл.

Официјалните лица од министерството за финансии и труд одбиваат да коментираат. Овој тренд задава ниски удари на веќе и онака разрушеното достоинство на граѓаните.

„Не е случај само со сиромашните и оние кои едвај врзуваат крај со крај да работат за ваучери“, вели Елени Дорани, вработена во супермаркет на северот на Атина. „Тоа им се случува на сите. И тажно е да се гледаат многу почитувани луѓе како скришно ги вадат ваучерите за да платат. Се чувствуваат како да плаќаат со бонови“.

DW.COM

Реклама