Грчкиот парламент утре ќе гласа за влезот на Македонија во НАТО | Северна Македонија | DW | 07.02.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Грчкиот парламент утре ќе гласа за влезот на Македонија во НАТО

Во Атина се е подготвено за гласање за Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО. Грција, согласно Преспанскиот договор, треба да биде првата земја-членка на Алијансата која ќе го ратификува Протоколот

Утре вечер грчкиот парламент треба да даде зелено светло за приемот на Македонија во НАТО, јавува германската новинска агенција ДПА. Грчките медиумите јавуваат дека се е подготвено за гласањето. Во средата (9.2.2019) во Брисел, амбасадорите на 29 земји-членки на НАТО го потпишаа Протоколот за членство на идната Република Северна Македонија во алијансата. 
Сега се на ред националните парламенти на земјите-членки да го ратификуваат Протоколот. 
Се очекува процесот да трае меѓу 9 месеци и една година. Грција треба да биде првата земја-членка на НАТО која ќе го ратификува Протоколот. Според извештаите во грчките медиуми, владата на Алексис Ципрас има обезбедено мнозинство за таа одлука. Денеска за Протоколот најпрво ќе се расправа во Комисијата за одбрана на грчкиот парламент. Од одлуката на грчкиот парламент понатаму зависи и конечното преименување на соседната земја во Северна Република Македонија. Откако Протоколот ќе биде изгласан во Атина, македонската влада треба да ги информира ОН дека го прифаќа преименувањето на државата во Република Северна Македонија, што е всушност и еден од последните чекори од имплементацијата на Преспанскиот договор, во делот на преименувањето.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама