Грчкиот парламент даде зелено светло за Преспанскиот договор | Северна Македонија | DW | 25.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Грчкиот парламент даде зелено светло за Преспанскиот договор

Грчкиот парламент со 153 гласови „за“ од вкупно 300 пратеници кажа ДА за Преспанскиот договор.

Дебатата во парламентот траеше три дена, а одобрувањето на договорот со Македонија важеше за сигурно. Набљудувачите единствено шпекулираа околу бројот на гласови кои грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ги обезбеди за поддршка на Договорот. Според Ципрас, ова е најдобриот договор што можел да се постигне по долгогодишен застој. Опозицискиот лидер Киријакос Мицотакис ја обвини власта дека ги игнорира патриотските чувства на Грците и се закани дека ќе го блокира членството на Македонија во ЕУ доколку неговата Нова Демократија победи на избори.

Повеќе: 

Ципрас ги потсети комунистите за Мирка Гинова

Атина: Денеска се гласа за Преспанскиот договор

Денешното гласање на пратениците беше проследено и со протести во Атина, на кои беа присутни мал број луѓе. Вчера дојде до насилство на демонстрациите против Преспанскиот договор. Уапсени беа најмалку 150 лица, главно радикали, од кои најголемиот дел денеска се ослободени.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Поврзана содржина

Реклама