Грчкиот министер за економија поднесе оставка поради скандалот со станарината | Свет | DW | 27.02.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Грчкиот министер за економија поднесе оставка поради скандалот со станарината

Министерот за економија на Грција, Димитриос Пападимитриу поднесе оставка откако неговата сопруга доби отказ од функцијата заменик министер за труд поради добивање државен додаток за станарина.

Скандалот околу државниот додаток за станарина во Грција се шири. По отказот за заменичката министерка за труд Ранија Антонопулу, оставка поднесе нејзиниот сопруг, министерот за економија Димитриос Пападимитриу (на насловната фотографија). Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја прифатил оставката, се вели од кабинетот на премиерот. Набљудувачите сметаат дека Ципрас сега ќе направи реконструкција на владата.

Антонопулу и Пападимитриу годишно добивале по 12.000 евра државен додаток за станарина за станот во атинскиот кварт Колонаки. Премиерот Ципрас вчера ѝ даде отказ на Антонопулу поради тоа што поднесла барање и добивала државен додаток за станарина. Двојката Антонопулу-Пападимитриу важи за една од најимотните грчки брачни двојки, со богатство од речиси три милијарди евра, информираат медиумите повикувајќи се на нивните даночни пријави. Тие го искористиле законот донесен од владата на Ципрас во 2015 година. Со него на сите пратеници и министри им е дадено право на додаток за да можат да изнајмат стан во Атина.

Griechenland Rania Antonopoulo (picture-alliance/Zumapress)

Грчката заменичка министерка за труд, Ранија Антонопулу, беше отпуштена вчера (26.02.2108)

Медиумите критикуваа дека е неморално министрите во тешки времиња за граѓаните да го користат ова право. Грците од почетокот на тешката финансиска криза во 2010 година загубија една четвртина од своите приходи. Речиси секој трет Грк живее на работ на сиромаштија.


Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид

Реклама