Грчкиот амбасадор во Бразил убиен? | Свет | DW | 30.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Грчкиот амбасадор во Бразил убиен?

Полицијата во близина на Рио де Женеиро откри тело во изгорен автомобил. Би можело да станува збор за дипломатот, кој е исчезнат со денови. На тоа барем укажуваат регистерските таблички.

Бразилската полиција  вчера официјално ја започна потрагата за амбасадорот на Грција во Бразил, Кирјакос Амиридис, кој последен пат бил виден на 26 декември во близина на Рио де Женеиро, каде со семејството бил на одмор.

Како што соопшти полицијата на бразилската сојузна држава во Рио, започната е истрага за исчезнувањето на амбасадорот Амиридис, а според првите информации, тој е виден последен пат во понеделникот вечерта.

Полицијата притоа ги повика сите кои имаат сознание за местото каде се наоѓа Амиридис можат да се јават на два телефонски броја.

Реагирајќи на една таква дојава полицијата пронашла изгорено возило во местото Нова Игаусу на северот од бразилската метропола. Во возилото пронашла тело, кое би можело да биде исчезнатиот дипломат. Регистерските таблички се совпаѓале со оние на изнајменото возило со кое амбасадорот бил заминат на одмор, јавуваат бразилските медиуми, повикувајќи се на полициски извори. Тие објавија и фотографии од изгореното возило и ја цитираа полицијата со зборовите дека загинатото лице би можело да биде Амиридис. Форензичарите се во процес на идентификација на телото.

Амиридис (59) од 21. декември тргнал на одмор со семејството во Рио, а во Бразилија требал да се врати на 9. јануари, изјави за „Франс прес“ едно официјално лице од Грчката амбасада, кое не потврди официјално дека Амиридас изчезнал.

Бразилските медиуми пренесоа дека изчезнувањето на Амиридис во понеделникот го пријавила неговата сопруга, која не можела да стапи во контакт со него откако сам излегол од апартманот во градот Нова Игуасу.

Амиридис е именуван за амбасадор на Грција во Бразил годинава, а од 2001 до 2004 година бил генерален конзул во Рио де Женеиро.

Тој од 2012 до 2016 година бил амбадор на Грција во Либија.

Реклама