Грчката дрога Сиса - кошмарен штоф | Панорама | DW | 21.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Грчката дрога Сиса - кошмарен штоф

Дрогата Сиса, која ја нарекувааат уште и кокаин на сиромашните, е составена од батериска киселина и метамфетамин. Смртоносната мешавина се шири низ Грција и затоа што е евтина.

Оној кој во Грција не може да си дозволи  кокаин  или хероин, се` почесто ја купува евтината дрога Сиса. Наркоманите ја пушат дрогата во стаклено луле или дури и ја вбризгуваат во вени. Една доза чини едно или две евра. Производството е едноставно, а состојките се достапни. Сиса е вид на Кристал мет, но е составена од нечисти состојки. Моторно масло, батериска или сумпорна киселина се елементите на мешавината. Евтини се, лесно се набавуваат. Така настанува смртноносната смеса. „Несаканите последици се предизвикани од дополнителните состојки“, вели Норберт Водарц, кој ги проучува зависностите од наркотици на Универзитетската клиника во Регенсбург. Вели дека сето ѓубре кое се меша во новата дрога е одговорно за токсичното дејство, но и дека во прашање е цената, зашто чиста дрога би чинела многу поскапо.

Директно во вена

Многу од луѓето кои ја земаат новата дрога одат директно во смрт. „Постојат проценки дека консумирањето на Сиса може да се преживее најмногу една година“, објаснува Водарц. Но, непоправливите оштетувања во организмот дрогата ги предизвикува многу порано: „Телото веќе не е во состојба да произведува слуз. Бидејќи оние кои ја користат оваа дрога имаат намалено интересирање за хигиена на забите, непцата можат брзо да прокрварат и забите испаѓаат“. На телото може да се развијат големи апсцеси кои прераснуваат во инфекции. Во внатрешните органи се собира гној и тие во најлош случај едноставно се распаѓаат.

Спектарот на можни болести опфаќа и запаление на срцевите залистоци, што може да доведе до тешки оштетувања, од срцев до мозочен удар. Не се реткост агресивност и халуцинации. Следна типична последица е наглото губење телесна тежина. „Ако извесно време користат ваква дрога, луѓето изгледаат страшно слаби“, вели Водарц.

Грчки проблем

Овој проблем не е од вчера. „Првите извештаи на грчките колеги стигнаа некаде во 2010 или 2011 година“, се присетува медицинскиот стручњак за зависнички болести. „Во тоа време се случи и нагол пораст на заразени од ХИВ вирус. Тоа се случи поради интравенско земање синтетичка дрога.“

Deutschland Drogenkonsum im Hamburger Bahnhofsviertel (picture-alliance/dpa/K. Nietfeld)

Ја нарекуваат уште и „кокаин на сиромашните“

Под влијание на такви дроги, кај човекот се опуштаат сите кочници. „Како резултат, често некои зависници стануваат целосно рамнодушни кон тоа дали се иглите употребувани или не. Не размислуваат ни за можни инфекции со ХИВ вирус“, објаснува Водарц.

Кон сето тоа се надоврзува и фактот што зависниците веќе имаат заслабнат имунолошки систем, па лесно можат да добијат инфекции, вклучувајќи и ХИВ.

„Зависниците од хероин најчесто во програмите за делење нови стерилни игли имаат стекнато свест за проблемот, па меѓу нив бројот на новозаразени од ХИВ е драстично оапднат“, вели германскиот експерт.  

Заработка на сметака на луѓето без перспектива

Оваа смртоносна дрога зависниците ја користат најмногу во грчкиот главен град Атина. Тие се без работа, без пари,  бескуќници без перспектива - тоа се некои од причините поради кои луѓето почнуваат да ја земаат оваа дрога.

Грчката мешавина со метамфетамин е исклучително евтина и лесно се набавува. Дејствува брзо, интензивно и релативно долго. На атинските улици продажбата на оваа синтетичка дрога веќе не е реткост и бројот на зависници од Сиса расте. Точниот број не е утврден. „Гледано со нивни очи, тие луѓе мораат да земат она што можат да го набават. Тоа се екстремно нечисти дроги, но единствено такви можат да платат“, заклучува Водарц.

 

DW.COM

Реклама