Грчката влада се сомнева - пожарите се подметнати | Свет | DW | 27.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Грчката влада се сомнева - пожарите се подметнати

Во катастрофалните пожари во близина на Атина загинале најмалку 83 луѓе. Според владини претставници, има конкретни укажувања дека огнот бил намерно подметнат.

Грчката влада се сомнева дека катастрофалните шумски пожари во околината на Атина се дело на криминални активности. Постојат сериозни укажувања дека тоа е случај посебно со пожарот во пристанишното место Мати, изјави синоќа пред новинарите заменик-министерот за цивилна и заштита од катастрофи, Никос Тоскас. Тој се повикува на изјави на сведоци, но не соопшти детали, освен дека доказниот материјал е предаден на судските органи и се води истрага.

Тоскас истакна дека ширењето на огнот во Мати било потпомогнато од „екстремните временски услови“, кои пак се последица на климатските промени. Во Мати загинаа најголем дел од најмалку 83-те жртви во пожарите во Грција. Заменик-министерот призна дека дошло до големи загуби, поради што тој на примерот Алексис Ципрас му ја понудил својата оставка, „како израз на совесност, но не поради грешки“, рече Тоскас. Премиерот не ја прифатил оставката, со образложение дека во моментов приоритет е борбата против стихијата и санирање на последиците.

Сателитски снимки покажале дека во понеделникот истовремено избувнале 13 огнови во регионот Атика, на кој припаѓа Атина, и тоа во најомилените туристички одморалишта околу престолнината, тврдат властите.  

Останува меѓутоа нејасно како шумските пожари предизвикаа толкави големи штети. Весникот „Катимерини“ известува за наводна хаотична средба на противпожарните служби и властите околу превенирање вакви катастрофи.

Повеќе: 

По грчката трагедија - чија е одговорноста за пожарите?

Пепелта на Мати: Огнената стихија ja опустоши грчката населба

Владиниот портпарол Димитрис Цанакопулос вчера изјави дека евакуирањето од Мати било неможно, „зашто феноменот траел само еденипол час“, а ветровите со брзина од 120 километри на час биле најсилните регистрирани во последните осум години.

Гледај видео 01:40

Огнен пекол во Грција

Досега нема и натаму никакви официјални податоци за бројот на исчезнатите. Пожарникарите трагаат по луѓе кои нивни роднини ги прогласиле за исчезнати. На интернет-страница во оваа категорија се водат 27 лица, меѓу кои и деветгодишни близначки. 

Во катастрофата во Грција настрадаа повеќе луѓе отколку во било кој пожар во Европа во 21. век, со повреди се хоспитализирани 187 лица.

Грчката влада на настраданите во пожарите им стави на располагање првична помош од 40 милиони евра, најблиските роднини на загинатите од владата добија веќе суми од 10.000 евра.

Градот Атина од својастрана ќе исплати помош од 5.000 за секој опожарен плац. Речиси половина од 2500 куќи се непогодни за живот. Во Мати екипи на теренот вршат вештачење на направените штети. Синоќа дождовите во погодениот регион доведоа до лесно заладување, но во Атина обилните врнежи предизвикаа поплави, во кои беа оштетени бројни автомобили. 

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама