1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Грција ја надминува кризата со горивата

1 август 2010

Состојбата во Грција по кризата со недостатокот на горива на бензинските пумпи постепено се нормализира. Владата ја ангажираше армијата за да ја олесни кризата и да ги снабдува пумпите со горива.

https://p.dw.com/p/OZOi
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во акцијата се вклучија и големите петрохемиски компании кои со сопствени возила се грижат за дотур на бензин. Тие се придружувани од полициски возила, со цел да се спречат евентуални инциденти со камионџиите, кои и натаму штрајкуваат.

Синдикатот на превозниците вечерва (01.08.) на состанок треба да одлучи дали ќе го продолжи штрајкот кој трае веќе цела недела.

Камионџиите го започнаа штрајкот во знак на протест поради владиниот предлот за либерализација на транспортниот сектор, што беше еден од условите за добивање помош од ММФ и ЕУ. Овој сектор веќе долго е црна точка во грчката економија, а поради монополот кој го уживаат неколку превозници, веќе 40 години во Грција не е издадена нова дозвола за работа. Тоа им отвора можност на привилегираните превозници да препродаваат годишни дозволи и за суми од 300 илјади евра годишно.

Tankstelle in Athen Griechenland
Во Атина и Солун бензин имаат повеќе од половината бензински пумпиФотографија: picture alliance/dpa

Властите соопштија дека со ангажманот на армијата, резервоарите на пумпите во Атина и Солун се 50 проценти полни. Се очекува до утре состојбата целосно да се нормализира.

Тоа ќе им ја олесни и состојбата на десетици илјади туристи и локални жители кои се соочија со големи проблеми поради штрајкот.

Aвтор: БГ/ЕМФ/дпа/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска