Грција, Турција, Италија– пожари и топлотен бран од историски размери  | Свет | DW | 02.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Грција, Турција, Италија– пожари и топлотен бран од историски размери 

Пожарникарите во Грција, Италија и Турција се борат со стотици пожари. Во истовреме луѓето се справуваат со огромните горештини со температури над 40 степени.

Според метеоролозите топлотниот бран во Грција достигнал историски размери. Од Метеоролошкиот завод прогнозираат дека температурата до викендот ќе се искачи најмалку до 44 степени. Експертите го споредуваат времетраењето и високите температури со оние во 1987 година. Според проценките, тогаш во Грција по неколку дена температури од над 40 степени како последица на жештините починаа над 4000 луѓе.

Дел од метеоролозите стравуваат дека во следните денови термометрите можат да покажат рекордни вредности. Во 1977 година во Атина и во 30 километри оддалечениот град Елфсина се измерени 48 степени. Тоа е досега највисоката температура измерена во Европа.

И навечер 30 степени

Во многу места температурата и навечер не паѓа под 30 степени. Поради тоа луѓето не можат да се опорават по последователните жешки денови. Многу луѓе се настинати, ги боли грло и имаат главоболки поради тоа што седат под клими кои работат постојано.

-повеќе: 

Југоисточна Европа соочена со еден од најтешките топлотни бранови во последните децении

Жртви во пожарите во Турција

Фотографија на денот: Пожарите кај Атина зафатија и куќи

Фотографија на денот: Горештини во Германија

Горештините го ставаат на тест и енергетскиот систем во земјата. Поради ова многу техничари се во состојба на готовност. Сите енергетски постројки се поврзани со националниот енергетски систем, се вели во официјалното соопштение. Постојано има предупредувања дека постои опасност од пожари поради големата суша.

Griechenland | Waldbrände | Lambiri

Пеплосани куќи и возила во близина на Патра во Грција

Пожари во јужна Грција

 Во неделата попладне избувна пожар на островот Родос. Повеќе села мораше да се евакуираат, а на многу места поради пожарот струјата беше во прекин. Дел од населението од островот велат дека имало проблеми и со водоснабдувањето. Викендов гореше и на полуостровот Пелопонез. Најголемиот дел од пожарите се ставени под контрола. Пет села во близина на пристаништето Патра мораше да се евакуираат. Најмалку 16 лица беа хоспитализирани поради респираторни проблеми од чад.

Турција – најстрашни пожари во последниве неколку години

И понатаму многу критична е ситуацијата во Турција каде пожарите постојано се шират поради силниот ветар. Според Си Ен Ен на турски јазик, во омиленото туристичко место Бодрум во неделата била евакуирана цела населба. 540 луѓе морало да бидат евакуирани со брод на сигурно, бидејќи улиците биле блокирани и непристапни. Според НТВ, и во Анталија имало евакуација на население. Таму во неделата биле пронајдени две изгорени тела. Со тоа бројот на жртви, од кога пред пет дена избувнаа пожарите, се искачи на десет. Портпаролот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ноќеска на Твитер напиша дека 122 од 129 пожари во земјата се под контрола.

Во Анталија и Мугла, провинции кои се најпогодени од пожарите во следниве денови се очекуваат температури над 40 степени. Во туристичкиот регион Бодрум пак се очекува и ветер со 30 километри на час.

Türkei | Waldbrände | Marmaris | Evakuierung

Евакуација во повеќе места во Турција поради шумски пожари

Европската Унија најави помош за Турција во борбата против пожарите. Ќе бидат испратени два канадери од Шпанија и еден од Хрватска, соопштија од ЕУ. Досега Русија, Украина, Иран и Азербејџан испратија единици за помош.

Ова се инаку најстрашните пожари во Турција во последнава декада. Од почетокот на годинава, според властите, изгорени се над 95.000 хектари површина. Од 2008 до 2020 во истиот период во просек гореле околу 13.000 хектари.

Ситуацијата на Сицилија и Сардинија полека попушта

Викендов во Италија најмногу гореше на Сицилија. Пред се на истокот и околу градот Катанија огнот предизвика големи штети, вклучително и кај одморалиштата и плажите. Премиерот Марио Драги во неделата потпиша декрет со што се овозможи и пожарникари од други региони да одат на помош во Сицилија.

Од кризниот центар за денес го намалија ризикот од пожари во многу области на Сицилија. Сега на целиот остров важи опасност од среден ризик. Претходно на истокот беше црвена зона со висок ризик од пожари. Во последниве денови и таму температурите беа околу 40 степени, а денеска паднаа под 30 степени. Сушата и силните ветрови заедно со горештините беа причина за брзо ширење на пламените јазици.

Претходно од големи пожари беше погоден и западниот дел на туристичкиот остров Сардинија. Гореше и во туристичките населби. Службата за цивилна заштита на островот за денеска предвидува само среден степен на опасност од  пожари.