Грција се пожали од Вевчанци и пред Еврокомисија | Северна Македонија | DW | 20.01.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Грција се пожали од Вевчанци и пред Еврокомисија

Официјална Атина и се пожали и на Европската комисија поради симболичното погребување на Грција на карневалот во македонското село Вевчани, пишува денеска грчкиот весник „Нафтемборики“ во своето електронско издание.

Сцена од годинешниот карневал во Вевчани

Сцена од годинешниот карневал во Вевчани

Според „Нафтемборики“, како што пренесува бугарската новинска агенција БТА, на карневалот, одржан на 13 и 14 јануари, „Грција била погребана со ковчег и некролог, а грчкото знаме запалено“.

Грчкиот европратеник Јоргос Кумуцакос упатил прашање до Европската комисија во врска со случајот. Тој посочил дека „ акциите на Скопје речиси се совпаѓаат со обновувањето на преговорите меѓу двете земји под покровителство на ОН во спорот за името“. Според „Нафтемборики“, грчкиот европратеник поставил прашање дали ЕК е запознаена со случајот, дали ќе реагира и дали смета дека ваквите активности ги поткопуваат изгледите за успех на тешките преговори за името.

Грција претходно испрати протестна нота до официјално Скопје, во која настанот се дефинира како „провокативен“ и „навредлив“. Грчкото Министерство за надворешни работи соопшти дека „ треба да се преземат мерки за да се избегнат слични инциденти во иднина“.

Автор:СН/ЖА/миа

Редактор: Симе Недевски