Грција подготвена за отворена Европа? | Свет | DW | 31.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Грција подготвена за отворена Европа?

Новата влада на Мицотакис е на крстопат. Домашен национализам или културолошко и економско отворање? Рововите се длабоки.

Неодамна новиот министер за земјоделски развој, Макис Воридис, го посети Еврејскиот музеј во Атина. На прв поглед ништо невообичаено, да немаше конкретно политичко минато. Воридис во ултрадесничарски весник бараше да се провери „Дневникот на Ана Франк" во поглед на историските факти. Истовремено предложи на антисемитскиот памфлет „Протоколи на сираците од Зион" да се подари поголемо историско внимание. Тој редовно контактираше со лица кои го негираат холокаустот. Во текст објавен во израелскиот весник Харец од март 2012 поранешен соученик го обвини дека формирал и водел националистичко и фашистичко здружение. Учениците на ѕидовите цртале свастики и меѓусебно се поздравувале со хитлеровиот поздрав.

Подоцна, како студент, го презел водството на деснонационалистичка студентска група, која се залагалала за ослободување на војниците од грчката хунта, како и враќање на кралот. Негов претходник во групата бил Николаос Михалолиакос, денешниот предводник на фашистичката партија „Златна зора". Воридис засега се прикажува како невино јагне. Затоа изненадија неговите јасни искази: „Мојата посета во еврејскиот музеј во Грција ја сигнализира мојата намера да побарам извинување од еврејскиот народ за тоа што во минатото имав политички и лични контакти со лица кои го негираат холокаустот."

Партиска политика наспроти економските интереси

Олга Дросу, шефица на фондацијата Хајнрих Бел во Солун, критички ја оценува промената во ставовите. Тоа што човек со такво минато одеднаш се залага за „борба против расизам, антисемитизам и негирање на холокаустот" како што самиот тврди во една изјава, Дросу смета дека е политичка финта. „Во изминатите години антисемитската реторика во јавниот дискурс е значително намалена. Причина за тоа се подобрените релации со Израел, особено во економска смисла."
Ерусалим и Атина де факто во последните години потесно соработуваат. За време на владеењето на Ципрас имаше редовни трилатерални средби со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и кипарскиот колега Никос Анастасијадис. Во рамки на тие средби, на нерадост на Турција, се кроени и плановите за користење на природните наоѓалишта на гас во близина на кипарското крајбрежје. Тоа пак влијаеше на промена на традиционално антисемитскиот курс на Грција. „Владата знае дека Израел полага големо значење на добри релации со Атина, но дека е многу внимателен кога е во прашање антисемитизмот", вели Дросу.

Olga Drossou, Leiterin der Heinrich-Böll-Stiftung in Thessaloniki (DW/F. Schmitz)

Олга Дросу, шефица на фондацијата Хајнрих Бел во Солун

Ерусалим веднаш реагираше на назначувањето на Воридис за министер. Израелските медиуми цитираа претставници на владата ки изјавиле дека нема да соработуваат со тој човек. За грчкиот премиер Киријакос Мицотакис тоа е чин на жонглирање меѓу надворешната политика и партискоинтерни битки за превласт. Олга Дросу смета дека Мицотакис не е деснорадикален. „Тој е неолиберален политичар, кој има големи планови. Сепак ќе мора да ги урамнотежи силите во неговата партија." Десното крило во рамки на Неа Демократија е моќно и Мицотакис би морал да направи многу отстапки во тој правец за да ја одржи партијата. За да може пак интернационално да биде ефикасен, ќе мора партијата да ја доведе на некој среден курс.

„Ќе има културолошка битка"
Не е само Воридис проблем, туку и Антонис Георгијадис, заменик претседател на Неа Демократија и нов министер за развој и инвестиции. Во Грција се смета за застапник на политиката на штедење. Истовремено е познат по неговите емисии на телевизија за продажба на неговите книги. Во повеќето случаи се работи за конспиративна литература, а едно од делата го носи насловот „Целата вистина за Евреите".

„Антисемитизмот во Грција се провлекува во сите општествени слоеви", вели Олга Дросу. Пратеници на партијата на Ципрас, Сириза и на комунистичката партија ККЕ дадоа слични изјави. Сѐ уште не може да се предвиди во колкава мера новиот премиер ќе биде во можност и внатрепартиски да наметне отворен и проевропски курс. За Дросу е јасно дека „ќе има културолошка битка.” Се работи за тоа на општествено ниво да се создаде култура која ќе расчисти со старите митови и табуа, кои и натаму се застапувани од конзервативните сили.

Griechenland Antisemitismus Leon Saltiel (Privat)

Леон Салтиел, историчар и грчки Евреин

Реалноста значи разновидност

Едно е сигурно: Европа длабоко ги разниша темелите на Грција. Особено во однос на човековите права е многу сторено во последниве години. Чекори како признавање на сексуална ориентација или истополови партнерства се можеби мала револуција во земја во која христијанско-православната вера е столб на општеството и државата.

„Кога растев во Солун, во 80-те и 90-те годиниправославната црква беше многу моќна и преовладуваше насекаде во општеството," се присетува Леон Салтиел, историчар и грчки Евреин. „Денес тука живеат луѓе од многу земји. Голем дел од децата на имигранти од Албанија, Бугарија, Романија или Украина студираат на нашиот универзитет. Тие зборуваат грчки и се чуствуваат како Грци. На овој начин се менуваат перспективите на луѓето."

Повеќе: 

Еврејски градоначалник со широки погледи

Грчката борба со етничката разноликост

Грција: Холокаустот како табу тема

Зошто се Грците најголеми антисемити во Европа?

Илјади години, особено во Северна Грција, се испреплетувале и живееле заедно различни култури и религии. Во времето на Националното движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, стануваше збор за протерување на сите "не-Грци" од земјата. Словенското население се изгуби на север во Балканските војни, Османлиите мораа да се населат во новоформираната земја Турција и Евреите станаа жртви на холокаустот. Но, идејата за нација која се ограничува на хеленизам и христијанско православие е неодржлива во земја членка на ЕУ.

Во меѓувреме Солун – како пример за целата земја – го отвора еврејското минато. Туризмот од Израел цвета, носи прилив во градот и внесува нов дух во потиснатата историја.

За Салтиел ова е само почеток. Солун има многу идентитети. Градот илјадници години е економски и културен центар. „Многу е добро и важно тоа што изучувањето на еврејскиот идентитет во изминативе години доби на значење. Но, тоа мора да се направи и за многу други историски идентитети за да се осознае историската разноликост на градот."

 

DW.COM

Реклама