Грција парализирана од штрајк | Економија | DW | 14.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Грција парализирана од штрајк

Илјадници Грци протестираат поради невработеноста, сиромаштијата и растечките даноци. Синдикатите повикаа на 24-часовен генерален штрајк, незадоволни од владината политика на штедење.

Во знак на протест поради ригорозната политика на штедење на владата на Алексис Ципрас, најголемите синдикати повикаа на 24-часовен генерален штрајк. Само во Атина на демонстрации излегоа преку 20.000 луѓе. Мотото гласи: „Сиромаштија, даноци, невработеност, владата ги пречекори сите граници“.

Штрајкуваат новинарите, па нема програма и вести, бродовите и фериботите останаа во пристаништата, возовите не возат, прекинот на работата на возачите во јавниот сообраќај го парализира животот во градот, останаа затворени и државните училишта и служби, болниците примаат само итни случаи. На вработените поради мерките за штедење во последните години примањата им се намалени за најмалку една четвртина.

Луѓето протестираат и поради нов најавен закон за ограничување на правото на штрајк, според кој прекин на работа би бил легален само ако за него се изјасни повеќе од половината од членовите на синдикатите, додека досега беа доволни само 20 проценти. Владата на премиерот Алексис Ципрас се надева на крај на програмите за штедење во август 2018. година, кога би можела повторно да позајмува пари на финасиските пазари под поповолни услови.

Гледај видео 01:12

Грција парализирана од штрајк

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама