Грција гори, северната хемисфера се пржи | Панорама | DW | 27.07.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Грција гори, северната хемисфера се пржи

Од Арктичкиот круг преку Скандинавија до Калифорнија, Јапонија и Северна Африка, исклучителен топлотен бран веќе неколку недели ја зафати северната хемисфера предизвикувајќи рекордно високи температури, суша и пожари

Метеоролозите велат дека летните временски услови се резултат на климатските промени.
„2018 полека станува една од најтоплите години во историјата, со нови рекордни температури во многу земји“, вели Елена Манаенкова, заменик генерален-секретар на Светската метеоролошка организација (СМО).
„Ова не е изненадување“, додава таа. „Топлотните бранови и екстремните горештини кои се случуваат се на линија на што го очекувавме како резултат на климатските промени, предизвикани од ефектот на стаклена градина“.

Deutschland Hitzewelle | Niedriger Rheinpegel (picture-alliance/dpa/F. Gambarini)

Делови од реката Рајна се соочуваат со сериозно опаднат водостој поради високите температури


„Ова не е идно сценарио. Се случува сега“.
Времето летово во северниот дел на Европа е особено невообичаено, за што говорат и температури од 30 степени целзиусови во Арктичкиот круг.
Рекордни температури од 33 степени неделава беа измерени во северна Норвешка, повеќе од 15 степени над нормалните за овој период.
Во шведскиот град Квикјок во близина на Арктичкиот круг температурите се искачија до 32,5 степени, додека во Лапонија, Финска следниот ден беа постигнати историски 33,4.

Frankreich Hitzewelle in Nizza (Reuters/E. Gaillard)

Деца се разладуваат во фонтата во Ница, Франција


Во Сибир, Русија живата на термометрите достигна 37,2 степени на 9 јули во Томпо и 35,5 во Ванавара на 26 јуни, иако тоа не е рекорд.

Во останатите делови на Европа, топлотниот бран ги зафати Ирска, британските острови и Франција, иако температури не ги достигнаа историски највисоките.
Наспроти нив, во јужноевропските држави, летните температури се пониски од нормалните, велат од СМО.
Во Јапонија, десетици луѓе починаа поради огромните жештини кои достигнаа рекордни 41,1 степени.

Japan Hitzewelle (Reuters/Kyodo)

Рекордни температури во Јапонија


Во пустината Сахара во Алжир, на 5 јули, живата достигна до 51,3 степени што според експертите е највисоката температура измерена во Алжир во историјата. Се верува дека тоа е рекорд и за целиот африкански континент.

Deutschland Großer Waldbrand bei Potsdam (picture-alliance/dpa/Polizei Brandenburg)

Голем пожар предизвикан од жештините зафати делови од шумата кај Потсдам во близина на Берлин

Во САД, Калифорнија е особено погодена од жештини а највисоката температуриа од 48,9 степени беше измерена во Чино на западот на државата.

 

DW.COM

Реклама