Грција: Во сила задолжителната вакцинација за постарите од 60 години | Информации и анализи за Балкан | DW | 17.01.2022
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Грција: Во сила задолжителната вакцинација за постарите од 60 години

Сите Грци постари од 60 години кои и натаму нема да се вакцинираат против коронавирусот, ќе бидат казнети со 50 евра во јануари, а од февруари со по 100 евра месечно. Законската регулатива за тоа стапи во сила по полноќ.

Задолжителна вакцинација за помладите од 60 години во Грција нема да има, порача премиерот Мицотакис

Задолжителна вакцинација за помладите од 60 години во Грција нема да има, порача премиерот Мицотакис

Во Грција денеска стапи во сила законската мерка за плаќање парична казна за лицата постари од 60 години кои не се вакцинирани против Ковид-19.

Од околу 300.000 граѓани ќе биде побарано да платат казна од 50 евра за јануари, додека за секој нареден месец, доколку лицето остане невакцинирано, казната ќе изнесува 100 евра.

Атинската новинска агенција, повикувајќи се на извори од грчката влада, пренесе дека 90 отсто од граѓаните постари од 60 години се веќе вакцинирани или закажале термин за вакцинација.

Според истите извори, благодарејќи на задолжителното вакцинирање за лицата над 60 години, процентот на вакцинирани во оваа група, која спаѓа во најзагрозените, е зголемен за речиси 10 насто.

Имено, во оваа старосна група се вакцинирани или имаат термин за вакцинација 2.761.838 граѓани, додека од 30 ноември, кога беше најавена казната од 100 евра, бројот на лица кои се одлучиле за вакцинација достигнал 217.000. Со тоа стапката на вакцинација во оваа старосна група се искачи на 90 проценти. 

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис ја исклучи можноста за воведување задолжителна вакцинација за другите старосни групи, бидејќи, како што рече, пред сѐ постарите граѓани потешко заболуваат од Ковид-19 и мора да бидат лекувани во болниците.