Груевски се уште не ја добил оставката на Елмази | Вести | DW | 26.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Груевски се уште не ја добил оставката на Елмази

Македонскиот премиер Никола Груевски ќе донесе одлука за оставката на заменик министерот за внатрешни работи Рефет Елмази откако ќе ја добие. Владиниот портпарол Ивица Боцевски изјави дека премиерот се уште ја нема оставката и не ги знае причините за неа. Во образложението на неотповикливата оставка на Елмази, како што пренесуваат медиумите, стои дека последниот случај на интервенција на полицијата во селото Танушевци фрлил сенка врз извонредните успеси на ДПА. Субјективно, тој се чуствува невин, но објективно Елмази чуствувал одговорност за обидите да “се оспори придонесот на ДПА во стабилизирање на состојбите во земјата”.