Груевски сам ќе оди на избори, протести пред Собранието | Северна Македонија | DW | 14.05.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Груевски сам ќе оди на избори, протести пред Собранието

Експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема законска основа за откажување на изборите на 5 јуни, и покрај тоа што само неговата партија ќе учествува на нив.„Катапулт“ на Шарената револуција вечерва пред Собранието

Никола Груевски и неговата ВМРО-ДПМНЕ се подготвуваат за изборите на 5 јуни и покрај најавениот бојкот од сите останати партии во Македонија и гласното неодобрување од меѓународната заедница.
Неколку часа по заминувањето на германскиот специјален пратеник Јоханес Хан од Македонија во петокот, Груевски во интервју за агенцијата Франс Прес изјави дека без оглед на протестите дома и надвор, избори на 5 јуни ќе има, а најверојатно по нив и уште едни.
„Во многу непријатна ситуација сме затоа што сме единствени од четирите големи партии кои ќе учествуваат на изборите“, изјавил Груевски во интервјуто водено во седиштето на неговата партија во Скопје.
Груевски, кој поднесе оставка на функцијата во јануари годинава по десет години на чело на владата, најавува дека по изборите на 5 јуни експресно ќе свика уште едни избори „за да им даде шанса на граѓаните да бираат“.
„Сакаме заслужена победа“, вели Груевски.


Нема друга начин, тврди Груевски
Експремиерот натаму објаснува дека е свесен оти меѓународната заедница не ги поддржува изборите на 5 јуни, но според него, нема друг начин.
„Генерално меѓународната заедница не поддржува избори на 5 јуни, но никој не успеа да пронајде уставен начин за одложување“, смета Груевски.
Во разговорот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се жали и дека земјата се потешко успева да го финансира ангажманот на полицијата и армијата на границата кон Грција, каде илјадници бегалци се уште се надеваат дека ќе успеат да го продолжат патот по ткн. Балканска рута. Груевски останува и на своето тврдење дека бил „изненаден“ од амнестијата на претседателот Ѓорге Иванов. „Знам каква е перцепцијата во странство но времето ќе покаже кој бил во право“, вели Груевски.

Продолжува #Протестирам


ДУИ- коалицискиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, денеска најави дека од понеделник ќе ја прошири . Вчера и Државната изборна комисија го информираше собранискиот спикер Трајко Вељаноски дека во неколку изборни единици има отстапување во бројот на гласачи за повеќе од 5 проценти. Вељаноски во меѓувреме замина во Рим каде ќе престојува до вторник.

Пред Собранието вечерва продолжи Шарената револуција. Повеќе илјади граѓани бараа повторно свикување на парламентот со цел да се одложат изборите закажани за 5 јуни. Новина вечерва беше импровизираниот катапулт со кој граѓаните ја фарбаа собраниската зграда во боите на Шарената револуција.


Протестот заврши пред зградата на Владата пред која демонстрантите испишаа „Владо мори душманке“.

DW.COM

Реклама