1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Груевски повеќе не е пратеник

СН/ агенции
11 јуни 2019

Македонското собрание денеска покрај оставката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, ја констатираше и оставката на парламентарецот од редовите на владејачката СДСМ, Павле Богоевски.

https://p.dw.com/p/3KAzx
Mazedonien Nikola Gruevski Ex-Premierminister
Фотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Претседателот на собранието, Талат Џафери, денeска ја констатираше оставката на пратеникот на опозициската ВМРО ДПМНЕ и пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски, кој во Унгарија ужива политички азил. Груевски по пошта минатата недела ја достави својата оставка напишана на унгарски јазик, откако во парламентот беше започната постапката за одземање на пратеничкиот мандат бидејќи е неоправдано отсутен повеќе од 6 месеци.

Поранешниот премиер Груевски, против кого се водат повеќе кривични постапки и истраги, побегна на 11 ноември минатата година во Будимпешта за да избегне служење на правосилна затворска казна од две години.

Повеќе на темата:

-Згужван јуни

-Вмровско искушение

-Шутирање на мали голчиња со мандатите на Груевски и Богоевски

По констатирање на оставката на пленарна седница, предлогот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања е повлечен од дневен ред.

Пратениците денеска ја констатираа и оставката на пратеникот на владејачката СДСМ и претседател на комисијата за мандатно-имунитетни прашања Павле Богоевски, кој самиот ја поднесе откако на социјалните мрежи беше објавена компромитирачка снимка како нарачува неименувам наркотик.