Груевски на пат да остане без пратенички имунитет | Северна Македонија | DW | 27.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Груевски на пат да остане без пратенички имунитет

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања му препорача на Собранието одземање на имунитетот на пратеникот Никола Груевски

Собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на денешната седница со мнозинство гласови од присутните пратеници му предложи на Собранието да му го одземе имунитетот на избеганиот пратеник Никола Груевски за шест судски предмети стигнати од Кривичниот суд, во кои за него е побаран притвор. Станува збор за предметите „Титаник“, „ТНТ“, „Траекторија“, „Насилство во Општина Центар“, во кои Груевски е обвинет и за уште две истраги во кои е осомничен.

,,Треба да донесеме одлука за одземање на имунитетот на осудено лице кое е во бегство и се бара притвор. Зборувам како пратеник, разочаран сум што нашиот систем не го обезбеди осудениот Груевски на издржување казна затвор. Апелирам, мора да се спроведе темелна истрага каде системот потфрлил, но ова искуство мора да биде и лекција да ги коригираме системските ситуации за вакви контрадикторности. Ние ќе расправаме за овие точки, но контрадикторно е што човекот во бегство уште има мандат на пратеник, а ние расправаме за одзмање имунитет да може да се притвори”, рече Павле Богоевски од СДСМ.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата. Заклучокот е доставен до претседателот на Собранието кој ќе го стави на дневен ред на седница денеска попладне. За одземањето имунитет на пратеник се потребни 61 глас ,,за”.

Претходно пратениците се обидоа да му го одземат пратеничкиот мандат на Груевски, но не беше обезбедено двотретинско мнозинств. Претседателот на Собранието во координација со пратеничките групи, одлучи по шест месеци неоправдано отсуство, да се обидат уште еднаш да му го одземат мандатот. Дотогаш Груевски ќе зема намалена пратеничка плата.
Никола Груевски избега во Унгарија откако требаше да се пријави во затвор на одлежување на двегодишна затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“ и за експресно брзо време доби азил од тамошните власти.
 

DW.COM

Реклама