Грозоморен наод во стан во Јапонија | Свет | DW | 31.10.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Грозоморен наод во стан во Јапонија

27-годишен маж е уапсен во Јапонија откако во неговиот стан се пронајдени делови од тела од најмалку девет лица.

Јапонската полиција пронајде девет тела во стан на периферија на Токио и го уапси 27-годишниот маж кој го призна злосторството, јавија изутринава јапонските медиуми. Главите на две жртви биле отсечени и замрзнати, а делови од телата на останатите жртви се наоѓале во кутии. Полицијата пронајде остатоци од распарчено тело, 40 километри југозападно од Токио, додека го пребарувале станот поради сомнеж дека мажот е вмешан во исчезнувањето на млада жена. Подоцна се откриени уште делови од тела во фрижидерот во неговата соба и полицијата се сомнева дека меѓу нив е и телото на исчезната 23-годишна жена. Се работи за тела на 8 жени и еден маж.

„Ги убив и се погрижив да ги сокријам доказите“, изјавил уапсениот маж на полицијата, пренесе јапонската државна телевизија НХК.

Во неговата соба е пронајдена моторна пила, а врз основа на она што е пронајдено користена е во бањата. Според извештаите на медиумите, една од жртвите во контакт со осмничениот стапила преку интернет. Истрагата е во тек и полицијата не ги потврди деталите за кои пишуваат медиумите.

Реклама