Гробни места на лотарија | Информации и анализи за Германија | DW | 27.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Гробни места на лотарија

На едни гробишта во Баварија има толку малку слободни места што локалните власти мораа да организираат лотарија за да ги распределат.

Постојат повеќе причини поради кои луѓето од Берхтесгаден сакаат да бидат погребани на старите гробишта.

Тие важат за многу убави, добро одржувани и стотици години старите споменици се сведоци на вечноста, а покрај тоа се наоѓаат во самиот центар на живописното гратче во Алпите.

Но, од 1972 година на овие гробишта веќе не се продаваат нови гробни места. Сепак во последно време се ослободија повеќе гробни места и локалниот совет реши повторно да ги додели на користење. Начинот на кој што тоа се случи е сосема невообичаен, имено преку лотарија, бидејќи за 200 гробни места имало 280 пријавени, па властите сакале постапката да биде посебно праведна.

Вишок гробни места

Невообичаена, но праведна, велат за лотаријата од Сојузното здружение на германските погребални претпријатија од Диселдорф. Во основа и проблемот е спротивен од трендот. „Генерално на гробиштата во Германија има вишок од слободни гробни места ", вели генералниот секретар на Здружението, Штефан Нојзер. Многу општини поради тоа или ја намалуваат површината за гробни места, или ги затвораат гробиштата.

И Норберт Фишер, историчар на култура од Хамбург, споменува уште еден пример каде што се бара место повеќе: „На гробиштата Света Северина на островот Силт, бидејќи таму се закопуваат многу луѓе кои воопшто не живееле во местото."

Deutschland Bestattungsriten | Krematorium (picture-alliance/dpa/ZB/J. Lösel)

Две третини од мртовците во Германија се кремираат

Кремирање наместо погреб

Причината за вишокот слободни гробни места е очигледна. „Сѐ повеќе луѓе одлучуваат да бидат кремирани наместо да бидат погребани, а за тоа е потребно помалку простор", вели Хојзер.

На почетокот на Вајмарската Република, значи пред речиси 100 години, во Германија помалку од 2 проценти биле кремирани. По втората светска војна уделот изнесувал 10 проценти, додека пак кремирањето во Источна Германија било стандардна процедура. Во меѓувреме, според Иницијативата за заштита на корисниците Етернитас, речиси две третини од мртовците во цела Германија се кремираат.

Битна причина е тоа што многумина ги напуштаат црковните традиции и класичните погреби.

Deutschland Bestattungsriten | Kolumbarium (picture-alliance/dpa/O. Berg)

Штедење простор: решение за урните со пепелта

Мобилност и индивидуализам

Практични причинисе во преден план, како што вели Фишер: „Членовите на една фамилија во денешно време живеат стотици километри еден од друг." Поради тоа има сѐ помалку класични семејни гробници. Освен тоа веќе никој не живее во близина за да може да се грижи за гробниците. „Многумина сакаат да ги скратат трошоците за одржување на гробниците.” Тоа го потврдува и Нојсер. „Парите се клучен фактор, и на пример кремирање е многу поевтино од класичен погреб.

Токму затоа, по примерот на медитеранските земји, многу гробишта изградија ѕидови со простори во кои се положуваат урни. Во Крефелд на пример, една цела црква има само вакви гробишта за урни. 

Освен тоа и тука се шири индивидуализам. Германските закони додуша се строги – умрените мора да бидат погребани на гробишта. Исклучок има само во два случаи: пепелта на покојниот да се истури на отворено море или да биде закопан во гробници во шума.

прочитајте: Тренд - погребување на диви гробишта по пониски цени

Приватни или заеднички гробници

Во последните години се основани многу заеднички гробници – приватно организирани официјално признати грбишта. „Уште во 1990. година постоеја вакви заеднички гробници за погребување на починати од сида, кои инаку би биле анонимно погребани на сметка на државата,” вели Фишер. Низ Германија има повеќе гробишта кои се само за жени, а во Гелзенкирхен има гробишта на фудбалскиот клуб Шалке 04 само за членови на клубот.

Економски погледнато може исто така да се каже, класичните гробишта ја губат монополската позиција и конкуренцијата расте. Гробиштата Олсдорф во Хамбург на својата веб страна нудат разни локации, од класични гробни места, шумски гробници, гробници со индивидуален дизајн, погреб во согласност со исламски обреди или според кинеска традиција и уште многу други опции.

Deutschland Bestattungsriten | Schalke FanFeld auf einem Gelsenkirchener Friedhof (picture-alliance/augenklick/firo Sportphoto)

Шалке 04 има свои гробишта

Ритуалите се менуваат

Погребните претпријатија се бунат против анонимни погреби, бидејќи велат луѓето сакаат да имаат место каде ќе можат да дојдат и да тагуваат по покојникот. Тие се исто така критички настроени и кон трендот, урните со пепел на покојникот да се држат дома. Норберт Фишер само делумно се сложува со ова: „Ритуалите постојано се менуваат. За време на Француската револуција, беа популарни анонимни масовни гробници во согласност со идејата за еднаквост. Сепак на интернет има сѐ повеќе страници за тагување, и сѐ повеќе млади луѓе ги користат овие страници на социјалните мрежи за да тагуваат, вели Фишер.

Среќен крај во Берхтесегаден 

Лотаријата во Бертхесгаден пројде добро, останаа уште 85 гробни места. Очигледно, има и такви кои се пријавиле повеќе пати. Меѓу нив е и една 53 годишна жена од местото. Таа си се осигура дека за неа и сопругот ќе има место на старите гробишта.

 

DW.COM

Реклама