Граѓаните на Катар создаваат залихи - продавниците се празнат забрзано | Свет | DW | 07.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Граѓаните на Катар создаваат залихи - продавниците се празнат забрзано

Катар е во разговори со Иран и Турција во напор да обезбеди доволно храна и вода. Се стравува дека поради кризата наскоро може да снема основни животни намирници.

Катар е една од најбогатите земји во светот, но увезува најголем дел од животните намирници. Со оглед на тоа што поради кризата и прекинот на дипломатските односи од страна на неколку арапски земји, отпаднаа двата најголеми трговски партнери - Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, Катар почна да преговара со други земји за непречено снабдување со храна и вода. „Разговараме со Турција, Иран и други земји“, рече денеска неименуван официјален претставник за агенцијата Ројтерс. Официјална Доха нагласува дека во продавниците има доволно зрнести намирници за четири недели, а има и големи резерви на основни животни намирници.

Гледај видео 00:59

Катарците ги празнат продавниците

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама