Того, имено, е меѓу земјите кои досега се релативно лесно погодени од пандемијата. Според официјалните податоци од појавата на коронавирусот во март годинава во земјата се регистрирани вкупно 3039 случаи на Ковид-19 и 65 починати од болеста. Бројки, кои изгледаат, неверојатно, кога ќе се споредат со податоците од многу други земји и кои укажуваат на успешно ограничување на ширењето на вирусот во земјата. Освен строгите мерки за заштита воведени во земјата, за тоа придонесуваат граѓанските акцииза подигање на свеста за важноста на превентивните мерки. Една од нив е и онаа на групата на улични уметници „Логоне Граф Кру“, која трае веќе девет месеци. Повеќе за неа во насловното видео.
-
Држење дистанца- креативно!
Љубов на далечината
Да се оствари пријатно познанство или да се флертува со убава девојка или убаво момче седејќи на клупа? Зошто да не! Само не заборавајте да држите дистанца. Оваа клупа укажува дури и колкава.
-
Држење дистанца- креативно!
Мечиња на маса
Во моментов, во многу ресторани во Германија, на секоја втора маса има натпис „Ве молам, не седнувајте“. Сопственикот на ресторанот „Beef'n Beer“ во Хофхајм на Таунус го решил овој проблемот духовито: на секоја маса на која не треба да се седи ставил плишни мечиња.
-
Држење дистанца- креативно!
Во друштво на кралицата
Ресторанот „Клостервирт“ во центарот на Минхен избра друга опција. Од 25 мај тука можете да вечерате со британската кралица и со други светски познати личности. Големи фотографии од нив „седат“ на масите кои треба да останат празни.
-
Држење дистанца- креативно!
Максималната шапка на Максима
Шапката со широк обод ќе ви помогне да држите дистанца со стил. Каква што е, на пример, оваа шапка на кралицата на Холандија Максима. Иако е пожелно таа да биде уште поголема.
-
Држење дистанца- креативно!
Разреден аудиториум
Драмскиот театар „Берлински Ансанбл“ во германската престолнина се подготвува повторно да ја пречека публиката. Но, сè уште не во целост. За идните настапи одлучија значително да ги „разредат“ редовите со места за гледачите.
-
Држење дистанца- креативно!
Во својот круг
За да не се преполнат одморалиштата во парковите и тревниците, властите во германскиот градХајделберг решија да исцртаат кругови на тревата со креда. Ем безбедно, ем сите спокојни.
-
Држење дистанца- креативно!
Куче со елизабетанска јака
И сопственикот носи маска, и кучето е заштитено со јака, која им е позната на многу љубители на кучиња и пред пандемијата на коронавирусот. Се нарекува ветеринарна или елизабетанска јака или конус. И сопственикот може да носи нешто слично (ако сака!).
-
Држење дистанца- креативно!
Плисирани здолништа
Овие меки здолништа (добро, можеби малку потесни) се носеа во ерата на англиската кралица Елизабета I. Со нив, растојанието е загарантирано!
-
Држење дистанца- креативно!
Држете го клунот на растојание
Ова е маска од познатиот карневал во Келн. Слични се носеле уште во Средниот век. Но, тогаш се верувало оти со нив се заштитувале од чума. Сега - од коронавирусот.