Мас предупредува: Опасно е воопшто и да се разговара за промена на границите на Балканот | Информации и анализи за Балкан | DW | 22.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Мас предупредува: Опасно е воопшто и да се разговара за промена на границите на Балканот

За шефот на германската дипломатија Хајко Мас не е можна никаква дискусија за евентуална промена на границите на Балканот. Германија жестоко отфрла такви идеи кои треба да се фрлат во фиока, рече Мас во Приштина.

Германија „жестоко“ отфрла било какви разговори за промена на границите на Балканот, откако на површина исплива нон-пејперот кој му се припишува на словенечкиот премиер Јанез Јанша.
„Не само што тоа (таквите идеи, н.з.) ги сметаме за нереални, туку и за многу опасни“, изјави Мас во Приштина по разговорите со косовската претседателка Вјоса Османи.
„Ние сметаме дека е опасно и воопшто да се почнува дискусија на таа тема“, додаде германскиот министер. Мас се надева дека словенечкиот предлог ќе заврши во фиока или уште подобро во историски шредер (уништувач на хартија, н.з.)“.

И неговата домаќинка Османи го дели таквиот став.
„Ваквите идеи му припаѓаат на 19 век и не треба да имаат место во Европа или на било кое друго место“, рече Османи.

Мас му вети на Косово поддршка во напорите да се обезбеди безвизно патување на граѓаните во земјите на ЕУ. Косово е единствената земја на Балканот чии граѓани се уште мораат да виза за патување во Шенген просторот. На тоа се спротивставуваат Франција и Холандија.
Од Приштина, Мас продолжува за Белград каде утре ќе разговара со српскиот политички врв.

DW.COM