Границата-во пакет со статусот | Теми на денот | DW | 23.11.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Границата-во пакет со статусот

Мисијата на ОН на Косово и македонската влада се согласни дека демаркацијата на северната граница на Македонија кон Косово треба да биде опфатена со пакетот за решавање на статусот на покраината, кој го подготвува Марти Ахтисари. Ваква порака денеска од Приштина упатија заменикот шеф на УНМИК , Стивен Шук и министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошовски. Косовската влада меѓутоа не се с

Милошовски и Шук на прес конференција

Милошовски и Шук на прес конференција

�гласува со тоа

"Заеднички се согласивме дека тоа прашање треба да го решиме на техничко ниво во резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за конечниот статус на Косово чие усвојување се очекува ”-изјави по средбата во Приштина Антонио Милошоски . Тој притоа напомна дека актуелниот договор за границата меѓу Скопје и Белград е важечки и признат од страна на ОН . Првиот заменик на шефот на УНМИК , Стивен Шук исто така го подржа таквото решение за прашањето на демаркацијата на границата.

“Тоа е наша препорака до специјалниот пратеник на ОН за решавање на статусот Марти Ахтисари . Тој треба да го опфати ова прашање во пакетот за решавање на статусот и со резолуцијата што потоа ќе следува”

Од друга страна косовскиот премиер Агим Чеку по состанокот со Милошовски рече дека тоа не би било добро решение. Чеку истакна дека не го подржува предлгоот демаркацијата на границата со Македонија да биде опфатена со пакетот на Ахтисари за решавање на статусот .

Со Ахтисари не разговаравме за технички прашања како демаркацијата на границата . Разговаравме Косово да биде признаено во рамките на сопствените граници , во рамките на постоечките меѓународни граници и веруваме дека ахтисари тоа ќе го потврди.

Министерот за надворешни работи на македонија со своите домаќини во Приштина се согласи дека повторното одложување на решението за статусот не би било добро за регинот.

“ Ставот на Македонија е и ова прашање во регионот да се заврши успешно, според предлогот на господинот Ахтисари, чив мандат во целост го подржуваме. Мислиме дека крајот на јануари или почетокот на февруари е вистинско време за завршување на ова поглавје, што ќе придонесе кон стабилноста во регионот. – оцени Милошовски.

Според него решавањето на статусот на Косово би го отворило патот за засилена економска соработка во регионот и интегративни процеси во евроатлантските структури. Еден од лидерите на српската листа на Косово , Ранџел Нојкиќ по средбата со Милошоски истакна дека Македонија е многу важен фактор во процесот на решавање на статусот на Косово :

Според резолуцијата 12 44 за статусот на Косоов треба да одлучуваат не само Белград и Приштина туку и регионот. А со оглед дека Македонија е во регионот и е многу важен фактор пред се кога станува збор за границите , тогаш тоа прашање е многу чуствително и бара многу внимателна анализа” – истакна Нојкиќ додавајќи дека косовските Срби се загрижени дека независноста на Косово може да предизвика домино ефект во некои земји во регионот со слична ситуација и поради тоа е многу важно секоја држава во регионот па и Македонија јасно да го каже својот став за статусот на Косово.