Гранати врз седиштето на владејачката партија во Сирија
20 ноември 2011Седиштето на владејачката Баат-партија на претседателот Башар ел-Асад во Дамаск е погодено најмалку од две гранати, информираат очевидци. Силите за безбедност и пожарникарските екипи забраниле пристап до објектот, кој во моментот на експлозиите бил празен.
Претседателот на Сирија Башар ел-Асад и натаму се противи да потклекне пред меѓународниот притисок на кој е изложен. Во случај на воена интервенција од надвор подготвен е да се бори и да умре, изјави Асад за британскиот весник „Сандеј Тајмс“. 46-годишниот Асад најави дека и натаму ќе презема мерки против „вооружените банди“ во неговата земја.
Од почетокот на протестите против владата на Асад пред осум месеци, според проценките на Обединетите нации, убиени се повеќе од 3.500 луѓе.
Автор: АТ/ афп/ дпа/ ртр
Редактор: Е. Милошевска Фиданоска