Градоначалникот на Гдањск почина по напад со нож на бина | Свет | DW | 14.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Градоначалникот на Гдањск почина по напад со нож на бина

На јавна манифестација во Гдањск со нож беше нападнат градоначалникот Павел Адамович. Тој почина во болница, неколку часа по нападот. Полската влада зборува за „варварски акт“.

Според наводи на полицијата, напаѓачот се втурнал на бината поставена за една хуманитарна манифестација во Гдањск и пред очите на стотици луѓе повеќепати го прободел со нож 53-годишниот градоначаник Павел Адамович (на насловната фотографија). Градоначалникот морал да биде реанимиран на лице место, а потоа е префрлен на Универзитетската клиника во Гдањск, каде е извршена итна операција. Неколку часа потоа Адамович ја загуби битката за живот.

Danzig Attentat auf Bürgermeister Festnahme Attentäter (Getty Images/AFP/P. Hukalo)

Припадници на безбедносните сили го совладаа напаѓачот на бината

Невин во затвор?

Напаѓачот бил совладан на бината од припадниците на безбедносните сили, а потоа уапсен. Властите наведоа дека станува збор за жител на градот кој бил осудуван за повеќе грабежи на банки.

Мотивот на 27-годишниот напаѓач би можел да биде одмазда. Очевидците тврдат дека напаѓачот го зел микрофонот в рака и извикал дека поранешната полска влада, под раководство на Граѓнската платформа (ПО) го затворила и покрај тоа што не бил виновен. „Затоа ќе умре Адамович!“, рекол тој.

Повеќе: Полска: Владејачката партија победи на регионалните избори

Адамович, кој на власт во Гдањск беше уште од 1998 година, до 2015-та и самиот беше дел од ПО. На локалните избори во 2018 година тој беше реизбран на функцијата градоначалник како кандидат на, од негова страна формираното, здружение на избирачи „Сѐ за Гдањск“.

DW.COM

Реклама