Гоце Делчев ќе говори низ факсимили во македонско-бугарски зборник | Северна Македонија | DW | 19.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Гоце Делчев ќе говори низ факсимили во македонско-бугарски зборник

Државните архиви на двете земји во едно факсимилно издание ќе објават сѐ што е излезено од перото на Делчев, преку кое читателите ќе можат да се запознаат со неговиот живот и дело.

Nord-Mazedonien Goce Delcev (Wikipedia/gemeinfrei)

Документите за животот и делото на Гоце Делчев треба да бидат објавени во заедничко издание на бугарскиот и македонскиот архив

Бугарскиот и македонскиот архив се договориле во заедничко издание да ги објават документите за животот и делото на Гоце Делчев. Ова за бугарската новинска агенција БГНЕС го изјави д-р Михаил Груев, претседател на бугарската државна агенција „Архиви".

„Директорот на македонскиот Државен архив, д-р Емил Крстевски, на 12 и 13 декември ја посети Софија. Двајцата се договоривме да ја активираме соработката меѓу двете институции во неколку насоки. Едната од нив е поврзана со заедничко издание на документарното наследство на Гоце Делчев", изјавил претседателот на бугарскиот Архив.

Повеќе: Преку Гоце Делчев кон ЕУ

Начиндасеолеснидијалогот

Досега имало две слични изданија во Бугарија, но во последните години станале јавно достапни и нови документи за активностите на големиот револуционер.

„Ние самите откупивме документи од пограничниот пункт на ВМРО во Дупница кои се од самиот почеток на векот (минатиот-н.з), коишто се наоѓаат во Архивот во Ќустендил. Има и други фрагментарни примери, кои на никаков начин радикално не ја менуваат, туку само ја дополнуваат сликата за Гоце Делчев", објаснил Груев.

Повеќе: Од сите проблеми, Бугарија се фати за коските на Гоце!

Тој потенцира дека одлуката за објавување документи за Гоце Делчев била зедничка. Со македонските колеги било договорено „да се извади сѐ што има во двете земји, а што е излезено од перото на Гоце Делчев". Крајниот резултат ќе биде едно факсимилно издание, преку кое сите читатели ќе можат да се запознаат со неговиот живот и дејност.

„Собирањето на овие документи на едно место исклучително многу ќе ѝ помогне на историската наука. Досега нешто слично не е направено. Желбата да се потпомогне дијалогот е двострана, и ние се надеваме дека преку издавање на документите тоа ќе го поддржиме во практика", смета Груев.

Bulgarien Alltag in Sofia (BGNES)

Посетата на директорот на македонскиот Државен архив, Емил Крстевски, на Софија беше реализирана на 12 и 13 декември годинава

Идејата била на некој начин да се олесни и дијалогот меѓу двете земји, вклучително и проблемите со историјата.

„Се надевам дека со едно такво издание ќе ги придвижиме оние аранжмани што постојат во Договорот за пријателство и добрососедство кој беше потпишан на 1 август 2017 година, но кои во оваа фаза некако постојано се одложуваат за во иднина", вели претседателот на бугарскиот државен Архив.

Повеќе: Балканските народи и историјата

Крстевски: Зборникзаповеќеисторискиличности

Директорот на македонскиот Државен архив, д-р Емил Крстевски, за новинската агенција „Мета" изјави дека навистина била договорена и таква публикација во рамките на соработката на двата архива, но дека станува збор за „заеднички зборник на документи од истакнати историски личности".

Ова го потврдува и веста објавена на веб-страницата на македонскиот Државен архив по посетата на Софија. Во неа се вели дека во рамките на посетата на бугарскиот Архив, Крстевски ги посетил и центарот за дигитализација, лабораторијата за конзервација и реставрација, читалната и микрофилмската лабораторија. Со неговиот бугарски колега разговарале за начинот на работење во сите сегменти на архивите, за можностите за размена на искуства и организирање заеднички настани (обуки, изложби...), а биле утврдени и неколку конкретни заеднички проекти за следната година.  

„Во рамките на Договорот за соработка помеѓу двата државни архива, кој е потпишан на 5 октомври 2017 година, во текот на 2020 година, во Пловдив и во Софија ќе биде организирана обука за конзервација и реставрација. Воедно ќе почне реализацијата на два проекта од издавачката дејност, од кои едниот ќе биде зборник на документи со работен наслов „Првите фотографии на Балканот". Во него, меѓу другото, ќе биде опфатен архивски материјал од браќата Манаки од Одделението на Државниот архив во Битола. Другиот проект ќе биде заеднички зборник на документи од истакнати историски личности", пишува на веб-страницата на македонскиот Државен архив.

Бугарски медиуми потсетуваат дека браќата Манаки работеле во Битола и кратко во Пловдив, но и дека најавеното објавување на документи за Гоце Делчев не е прва заедничка иницијатива на двете институции. Во 2001 година веќе било направено заедничко издание за револуционерните борби во Тиквешко.

Реклама