Фотографија на денот: Горештини во Германија | Панорама | DW | 18.06.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Фотографија на денот: Горештини во Германија

До пред неколку недели како да сѐ уште да беше зима, а сега веќе е пеколно.

Германија се „вари“ на високи температури, а прогнозите велат дека за време на викендот тие на места ќе бидат уште повисоки.

Освен тоа, метеоролозите предупредуваат и од невреме. Воздухот ќе стане повлажен, што целата ситуација ќе ја направи уште понеподнослива.

Најтоплото место вчера беше аеродромот во Минстер, каде беа измерени 35,5 степени Целзиусови. Оваа #ФотографијаНаДенот не е направена во Минстер, туку во Берлин, но и таму сенката деновиве е и тоа како барана.

 

Поврзана содржина