Голем недостиг на работна сила во Германија | Економија | DW | 13.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Голем недостиг на работна сила во Германија

Во Германија и натаму има околу еден милион слободни работни места. Работодавачите велат дека нема доволно кандидати за работа. Никогаш по обединувањето на земјата не владеела толку голема побарувачка за работна сила.

Шпигел во своето онлајн-издание пишува: На радио, на билборди, на интернет, фирмите „плачат“ за нови вработени. Целата економија е во полет, извозот цути. Многу Германци трошат пари во продавниците. Расположението меѓу фирмите е добро како ретко досега. Сега се објавени нови резултати од истражувањата за растот на бруто домашниот производ во земјата, Европската унија и еврозоната (...) Многу економисти предупредуват дека Германија се наоѓа во фаза на прегревање... Нешто не е во ред. Овој бум има карактеристики кои во поранешните фази на раст - ги немаше.“

„Прегревање настанува кога актуелниот економски раст ја преминува производната можност. Таа разлика, која се вика „дупка во производството“, во Германија е сѐ поголема. Спорови во моментов се водат само околу тоа колку е таа голема. Проценките се движат од малку над нула отсто од бруто домашниот производ па до 3 насто. Тоа не е никакво чудо, бидејќи дупката во производството може да се измери само врз основа на податоците кои стигнуваат со задоцнување (...) Еден од показателите за силно прегревање е и недостатокот на работна сила во делови од економијата“, пишува Шпигел онлајн.

Flash-Galerie Fachkräftemangel (picture-alliance/dpa)

За недостаток на работна сила пишува и весникот Рајнланд фалц во своето онлајн издание и пренесува еден занимлив случај од градот Лангенфелд: „Стручњаците предупредуваат дека во наредните години во Германија ќе владее голем недостаток од негуватели. Тоа значи оти на клиниките и на медицинските служби им е сѐ потешко да најдат персонал. Болницата „Св. Мартин“ во Лангенфелд затоа започна со необичен метод: интерно распиша премија од 1000 евра за оној кој ќе најде квалификуван негувател“.

„Ова предизвика бројни реакции во јавноста. А шефот на клиниката објасни дека парите ќе бидат исплатени дури ако така вработениот персонал најмалку една година работи во болницата и тоа со половина работно време или со цело работно време. Тој укажа и оти во слободната економија нормално е да се исплаќаат премии за посредување за работна сила.“ Од друга страна, има и такви кои тоа го критикуваат. Така претставник на синдикатот Верди рече оти ваквата понуда всушност не зборува во прилог на клиниката која на тој начин мора да дојде до работници.“

А германската железница „Дојче бан“ (ДБ) распиша ни помалку ни повеќе туку 1000 конкурси за нови работни места- за само една недела, за што пишува Берлинер моргенпост. „Оливер Денеке сака да си отвори себе си нови работни перспективи. 32-годишниот готвач веќе работел различни работи. Во моментов работи во комунална хигиена во Хановер. Железницата е огромна фирма со сигурни работни места, и мислам дека добро плаќа. Ни самиот не знае што точно би работел, но најпрво отишол во зградата на ДБ во Берлин, до доцна поладнето тоа го сторија уште 50 негови сограѓани.“

„Оваа понуда е дел од најголемиот германски конкурс за вработување. Поради тоа зградата покрај берлинската железничка станица беше отворена за заинтересираните и во саботата до 22 часот. Освен тоа, таму веќе се претставија 300 кандидати на конкретни разговори за евентуално идно работно место. Во неделата имаше 10 интервјуа. Една кандидатка доби работа. Ќе управува со локомотива на товарен воз.“

„ДБ, освен во Берлин, кандидати запознава и Хамбург, Минхен, Нирнберг, Келн, Манхајм и Франкфурт. Се бараат управувачи на возови, помошен персонал, на пример, за ресторан-вагони, редари, книговодители и, секако машиновозачи. Ширум Германија на конкурост се јавија околу 3.000 луѓе, а целта на ДБ е до крајот на годината да вработи 1000 нови луѓе“, пишува Берлинер моргенпост.

 

 

 

 

 

 

 

DW.COM

Реклама