Голем напад во близина на германската амбасада во Кабул | Свет | DW | 31.05.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Голем напад во близина на германската амбасада во Кабул

Во експлозија на автомобил бомба во близина на германската амбасада во Кабул загинаа најмалку 80 лица, а повредени се околу 350.

Самоубиствениот напад се случил во дипломатскиот кварт на Кабул, во утринскиот сообраќаен шпиц. Целта на нападот засега не е позната. Германското МНР соопшти дека во нападот загинал еден стражар во амбасадата - Авганистанец и дека има уште две повредени лица - германски дипломат и соработничка Авганистанка. Во нападот се оштетени и зградите на германската и француската амбасада. 

Гледај видео 00:37

Тешко оштетена германската амбасада во Кабул

Експлозијата била толку силна, што предизвикала оштетувања и на прозорците и вратите на објектите кои се оддалечени и неколку стотини метри. Со оглед на големиот број повредени, се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголемува.

Одговорност за нападот досега нема преземено никој. На крајот на април талибанците почнаа „пролетна офанзива“ и ги засилија своите напади. Кабул, инаку, е постојано цел на напади на радикални исламистички бунтовници. На почетокот на мај, во бомбашки напад врз странски војници, загинаа најмалку осум лица. Тогаш одговорност за нападот презеде џихадистичката милиција „Исламска држава“.

 

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама