Големо намалување на извозот на германско оружје | Свет | DW | 28.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Големо намалување на извозот на германско оружје

Падот на извозот на германско оружје продолжува и причина не е само стопираниот извоз за Саудиска Арабија. Според информации на агенцијата ДПА, во 2018 одобрениот извоз е паднат за повеќе од 25 проценти.

Германските трговци со оружје тешко може да се задоволни со изминатата 2018 година, бидејќи извозот е драстично намален, јавува германската новинска агенција ДПА, повикувајќи се на податоци од германското Министерство за економија.

Според нив, до 13 декември 2018. била дадена дозвола за извоз на оружје и друга воена опрема во вредност од 4,62 милијарда евра. Претходната година извозот достигнал 6,24 милијарди евра. Тоа значи дека намалувањето годинава изнесува 1,6 милијарди евра. Пораст последен пат е забележан во 2015 година, со рекордните 7,86 милијарди евра.

Повеќе: Крвавата трага на германскиот Калашников

Прекин на извозот во ноември годинава

Според одговорот од министерството на барање од пратеникот на Зелените, Омид Нурипур, Саудиска Арабија и покрај учеството во војната во Јемен, со 416 милиони евра е четврт најголем клиент на германската воена индустрија, по Алжир со 802 милиони евра, САД со 506 милиони евра и Австралија со 432 милиони евра. Откако се случи убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот генерален конзулат во Истанбул, во ноември годинава беше воведена блокада на извозот за таа земја.

Германската влада уште во март годинава во коалицискиот договор заклучи дека нема веќе да испорачува воена опрема за земји кои „директно“ се вклучени во војната во Јемен. Исклучок беше направен за испораки кои претходно биле договорени и одобрени.

Повеќе: Германија: нов однос кон Саудиска Арабија?

Иако Саудиска Арабија од неодамна е исклучена од испораките, Германија и натаму извезува воена опрема на Арапскиот Полуостров. Тоа произлегува од одговорот на германската влада на прашањето на пратеничката група на Левицата во Бундестагот, кој беше објавен минатиот четврток. Во последниот квартал годинава биле доделени поединечни одобренија за испорака на воена опрема за Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Кувајт во вредност од 57,64 милиони евра. Сите три држави се директно вклучени во воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во Јемен.

Закани од индустријата

Германските производители на оружје не се многу среќни и на германската влада ѝ се закануваат со барања за отштета поради забраната на извоз на оружје за Саудиска Арабија. Првиот човек на Здружението на германската безбедносна и одбранбена индустрија (БДСВ), Ханс Кристоф Ацподиен, побара од владината коалиција на ЦДУ, ЦСУ и СПД „чисто политичките теми" да не ги префрла врз плеќите на претприемачите. „Секако дека во ваков контекст треба да се размислува и за отштета“, изјави тој за ДПА.

Претставникот на Зелените, Омид Нурипур пак критикува дека владата и натаму во голема мера дозволува извоз во авторитарни држави и конфликтни региони. „И покрај најавите на коалициската влада, билансот на извозните дозволи за годинава е катастрофален."

DW.COM

Реклама