Годината кога си замина и последниот жител на Осијек | Панорама | DW | 04.03.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Годината кога си замина и последниот жител на Осијек

Студентите во Осијек ја претставија нивнита визија за градот во 2032 – годината кога и последниот жител ќе го напушти градот. Изложбата предвидува катастрофа, но студентите велат: Ние остануваме и не се предаваме.

Каде исчезна мојот град? Ова прашање го поставија студентите од втора година на студиите по културолошки менаџмент од Одделот за културологија при Универзитетот во Осијек и дојдоа до одговор кој не е пријатен. Тие приредија скромна изложба, онолку колку што дозволува студентскиот буџет - но, многу креативна. Тие испраќаат порака која ја засега цела Хрватска, но е особено емоционална за жителите на Осијек. Изложбата прикажува футуристички поглед за градот во 2032 година кога и последниот жител би се иселил од градот.

Празни улици и плоштади, разрушени и трошни фабрики, семејни куќи обраснати во коров... Тоа не се фотомонтажи, туку сцени снимени во денешен Осијек. Поради тоа, изложбата е уште поавтентична и предизвикува непријатност кај секој кој ја набљудува и чувствува нешто за градот на Драва. Изложбата е шаренолика, има фотографии, предмети, видео инсталации и фотомонтажи од познатиот споменик на Аугуст Цесарец на вајарот Стјепан Грачан – популарниот „Шетач“ како се качува на авион или се движи низ европските метрополи. Дури и имагинарната игра „Човече, отсели се“ ја комбинира реалноста и катаклизматичниот футуристички приказ со голема доза иронија зад која јасно се гледа критиката на системот кој доведе до оваа ситуација.

Kroatien Osijek - Expoante auf der Ausstellung Wo ist mein Stadt gegangen? (DW/V. Tesija)

„Човече, отсели се": Стартот е секогаш во Хрватска, а одредиштето е некаде далеку...

Слични искуства

„Идејата беше наша, добивме задача од менаџментот на музејот и сами ја направивме изложбата. Бидејќи имавме потполна слобода, тоа ни падна на ум, бидејќи сме свесни за фактот колку млади се иселуваат од Осијек и Хрватска воопшто. Сите имаме слични искуства бидејќи голем дел од нашите пријатели и членови на семејството се веќе отселени, па темата сама се наметна и ни беше лесно да идентификуваме со проблемот“, вели студентката Матеа Милинковиќ. Под менторство на Анѓелко Мркоњица - Матеа Милинковиќ, Ирена Јуриќ, Емили Добутовиќ, Матија Стојановиќ, Павле Петровиќ, Антонија Јурковиќ, Дијана Котрла, Матеја Хеќимовиќ, Иван Тенко, Томислав Јуриќ и Карло Сатировиќ дигнаа доста прашина во градот.

„Збрката настана кога се вклучија медиумите. Имаше прашања како: ‘Како можете така?', ‘Дали е тоа промоција на Осијек?'. Како деца читавме некои бајки, а едно дете кажа ‘Царот е гол'. Но, токму тогаш претседателката ги објави резултатите од работата во првите две години од нејзиниот мандат и ги претстави демографијата и иселувањето како примарни национални проблеми. Не можеме на тој начин да ги перцепираме работите и да ги ставаме под тепих. Тоа е како во лош брак – некогаш, работите за кои не разговараме ќе експлодираат како експрес лонец. Подобро да се соочиме со проблемот на време“, вели Анѓелко Мркоњиќ.

Kroatien Osijek - Expoante auf der Ausstellung Wo ist mein Stadt gegangen? (DW/V. Tesija)

Експонати во градот во кој младите сметаат дека за 15 години нема да има доволно луѓе за партија шах, а не за фудбалски натпревар...

Асистентот по културологија Томислав Левак вели дека терминот на изложбата е случајно темпиран пред локалните избори бидејќи студентите секоја година во февруари одржуваат две завршни изложби. „Но, пораката е упатена кон сите кои сега владеат во градот и кои сакаат на владеат со градот - да дојдат и да ја погледнат изложбата и да видат како младите ја гледаат иднината. Можеби малку апокалиптично, но предупредувачки и да размислат како може Осијек да се обнови духовно, материјално и младински. Затоа студентите ги поканија кандидатите за градоначалник кои до сега ги објавија кандидатурите: Анте Џапиќ, Иван Шојат и актуелната градоначалничка Ивана Вркиќ да дојдат и да ја погледнат изложбата“, изјави Левак.

Нема предавање без борба

Ова е порака, можеби на малку суров начин, но порака дека треба да се остане и гради животот тука каде што сме, објаснуваат студентите. На прашањето кој од нив размислува да си замине, одговорија „засега никој“. Иако признаваат дека секој од нив некогаш помислил на тоа, тие се одлучни дека нема да се предадат без борба. Пробавме да ги испровоцираме со прашања како: „Што после дипломирањето?“ и „Како ќе се чувствувате кога ќе сфатите дека пазарот на труд за културен менаџмент не е така лукративен и широк?“, подготвено одговараат: „Тогаш ќе бидеме сами свои работодавци“.

Kroatien Osijek - Expoante auf der Ausstellung Wo ist mein Stadt gegangen? (DW/V. Tesija)

Фотографии од напуштени згради и рушевини во Осијек - не во 2032, туку денес - во 2017 година.

Нивниот одлучен став произлегува од фактот, како што велат, што на факултетот често имаат „одврзани раце", слобода сами да работат на проекти и да ја ослободат својата креативност. Воопшто не изгледаат исплашени за својата иднина. Таа нема да биде лесна, но по разговорот со нив барем изгледа малку пооптимистична.

Реклама