Глобал медиа форум 2022: Новинарството во време на кризи | Панорама | DW | 20.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Глобал медиа форум 2022: Новинарството во време на кризи

Медиумски професионалци од целиот свет пристигнаа во Бон на дводневниот Глобален медиумски форум на ДВ - влегувајќи притоа во лабораторија за идното новинарство во време на кризи, војни и катастрофи.

Известувањето во услови на војна, една од централните теми на годинешниот Глобал Медиа Форум на ДВ

Известувањето во услови на војна, една од централните теми на годинешниот Глобал Медиа Форум на ДВ

Кризите, вклучително и глобалните, веќе не се исклучок - тоа е нова нормалост. Климатските промени, исчезнувањето на видовите, растечката нееднаквост, пандемиите, војните - тие не нижат една по друга, туку се преклопуваат, се зајакнуваат, создаваат поле на сеопфатна закана.

Токму како што во екот на руската инвазија врз Украина, не само што луѓе умираат под ударот на ракетите, туку се наѕирааат и глад и криза на глобалната економија а се закануваат и нови бранови на миграција.

Среде сите овие кризи - се среќаваат новинари. Како известувачи, репортери, како креатори на мислење - и често како мета на напади.

Петер Лимбург, генерален директор на ДВ

Петер Лимбург, генерален директор на ДВ

„Во тој поглед, рускиот напад врз Украина фрли сенка врз годинешниот Глобал медиа форум (ГМФ)“, изјави генералниот директор на Дојче веле, Петер Лимбург, пред ГМФ на 20 и 21 јуни.

„Ова се рефлектира во темите на конференцијата и исто така го одреди изборот на добитниците на нашите награди за слобода на говорот: им оддаваме признани на двајца украински новинари кои дадоа посебен придонес во пренесувањето на суровата реалност на оваа војна до светската јавност“. 

Евгениј Малолетка и Мистислав Чернов со голема лична посветеност ја документираа опсадата и уништувањето на украинскиот пристанишен град Мариупол . Доделувањето на наградата за слобода на говорот на ДВ на двајца фоторепортери кон крајот на првиот ден од конференцијата е една од најважните моменти на ГМФ. 

Добитниците на наградата за слобода на говорот на ДВ за 2022 година: Мистислав Чернов и Евгениј Малолетка

Добитниците на наградата за слобода на говорот на ДВ за 2022 година: Мистислав Чернов и Евгениј Малолетка

„Што сте подготвени да жртвувате за вистината?“

Исто како и појавата на Марија Реса. Говорот на добитничката на Нобеловата награда за мир за 2021 година е насловен: „Што сте подготвени да жртвувате за вистината?“. Реса знае за што зборува: Како истражувачка новинарка и коосновач на порталот за вести, таа лично била изложена на постојани вознемирувања од страна на владата во Манила, вклучувајќки и повеќекратни апсења.

„Многу сум задоволен што успеавме да ја придобиме да го отвори Глобалниот медија форум“, вели Петер Лимбург. „Со конференцијата сакаме да ги охрабриме и да ги зајакнеме сите кои се залагаат за слобода на говорот и на медиумите ширум светот“, додава тој.

Марија Реса

Марија Реса

Глобалниот медиумски форум на ДВ сега е цврсто етаблиран како најголема меѓународна медиумска конференција во Германија. Дојче веле е домаќин по 15-ти пат. Овој пат под наслов „Обликување утре, сега“.

Во изминатите две години, поради пандемијата на коронавирусот, разговорите можеа да се водат само виртуелно. Сега ГМФ повторно се одржува во поранешната пленарна сала на германскиот Бундестаг во Бон и во други простории на Светскиот конференциски центар во Бон.

„По две години пандемија, може да се види дека многумина навистина со нетрпение очекуваат повторно да се сретнат лице в лице“, вели Верица Спасовска, одговорна за програмата на конференцијата. Оние кои не можат да стигнат во Бон можат да следат барем дел од настаните онлајн .

Воено известување, дигитална железна завеса, заобиколкување на цензурата

„Како се позиционирани новинарите во време на криза и на кофликти? Како да го повратиме својот кредибилитет или како да го задржиме пред публиката? Со кои предизвици во оваа криза се соочуваат новинарите?“, ги нагласува Спасовска главните точки на годинешниот ГМФ. 

Верица Спасовска

Верица Спасовска

Избивањето на војната во Украина доведе до тоа програмата повторно да се ревидира. „Сега повеќе внимание посветуваме на известувањето за војната, ја испитуваме новата дигитална железна завеса во Европа, поставуваме прашања за заобиколување на цензурата, на пример. Тоа се теми кои ги вклучивме во програмата.“

Спасовска се надева дека учесниците два дена по конференцијата ќе заминат дома со чувство оти нешто научиле. Постојат и низа работилници со практични совети за секојдневната работа на новинарите.

Од друга страна, големата политика ја претставуваат министрите за медиуми и за култура на Г7 - и тие ќе се сретнат во Бон непоредно пред ГМФ, а потоа ќе присуствуваат на конференцијата. Германската државна министерка за култура и медиуми, Калудија Рот, на пример, ќе биде на подиумот веднаш на почетокот на конференцијата. Темата е: „Обликувањето на иднината на новинарите во време на војна - како ќе живееме во иднината зависи од тоа како ќе известуваме денес“.