Глобализација: границите на прифатеноста | Економија | DW | 30.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Глобализација: границите на прифатеноста

Луѓето во многу земји имаат критички став кон економската глобализација, покажува една нова студија. Тоа особено е случај во земјите каде богатството во добар дел е и резултат на таа глобализација: во САД и делови на ЕУ.

„Глобализацијата во мојата земја ги достигна границите на прифатеноста", со ваквата изјава се согласија 70 проценти во САД и 56 проценти во ЕУ од економските експерти кои институтот ИФО од Минхен ги анкетираше за актуелното истражување за "Светската економија".
Особено критички став имаат Французите, каде 85 проценти од испитаниците се согласиле „целосно или делумно" со таквиот став. Тоа е највисокиот резултат од 120 земји во кои е спроведено истражувањето. Во Чешка со 70 проценти, Австрија со 69, Велика Британија со 68 и Германија со 64 проценти расположението се оценува како претежно критичко спрема глобализацијата.

Контрадвижење

Границите на прифатливото изгледа се достигнати токму во оние земји кои особено профитираа од трговијата која се повеќе ги надминува националните граници. Тука имаше и најочигледни контрадвижења, како Брегзит референдумот во Велика Британија, Доналд Трамп и неговата мисија „Make America Great Again" во САД, жолтите елеци во Франција. „Во тие земји народот вели дека границите на глобализацијата се достигнати, до тука и не понатаму", вели Јоана Гарниц од институтот ИФО и ко-автор на студијата. "Напредните економии се генерално покритички спрема глобализацијата од земјите во транзиција или развој", ги сумира за ДВ главните поенти од истражувањето. Глобално погледнато сепак „позитивните и негативните ставови се урамнотежени", додава Гарниц.

Повеќе:

-Моја Европа: Глобализација со европски лик

-Нова фаза на глобализацијата?

-Брегзит- крај на глобализацијата?


Во Кина која е светски првак за извоз и долго време беше „работилница на западот", глобализацијата 77 проценти од испитаниците ја оценуваат позитивно, исто така и на Филипините, во Малезија и многу други земји во транзиција или развој. „Тие земји во глобализацијата полагаат големи надежи", вели Гарниц. „Луѓето во богатите земји пак сметаат дека се достигнати границите и дека не може многу повеќе да профитираат од глобализацијата отколку што тоа го прават и до сега."
Сепак има и исклучоци како Индија, Бангладеш, Индонезија и Тајланд каде со помалку од 40 проценти од испитаниците релативно ниско е одобрување на глобализацијата. Меѓу индустриските земји најпозитивен став кон глобализацијата има Јужна Кореја со 83 проценти. Но, и во Европа има земји во кои расположението е убедливо во корист на глобализацијата како на пример Португалија, Шведска, Луксембург, Данска и Финска, каде за се изјасниле меѓу 60 и 70 проценти.

Infografik Einstellung zur Globalisierung DE

Пари од Кина

Аналитичарите од ИФО исто така прашуваат и како во дадената земја се гледа на дирекните инвестиции од Кина. Во многу земји во развој Кина е вклучена во изградба на инфраструктурата. Германија но и други развиени индустриски земји купуваат кинески технолошки фирми бидејќи нивното знање се вклопува во националната индустриска стратегија „Мејд ин Кина 2025" ("Made in China 2025").

Резултатите се совпаѓаат и со прилагодувањето кон глобализцијата. „САД, ЕУ и Јапонија се особено критички настроени кон кинеските директни инвестиции," вели аналитичарот од ИФО, Гарниц. „Од друга страна, повеќето економии во развој во инвестициите од Кина гледаат позитивно или во најмала рака не гледаат ништо негативно во споредба со директните инвестиции од другите земји."

Испитаниците

Сепак аналитичарите од ИФО не можеа да направат анкета на голем и репрезентативен примерок, бидејќи тоа би било многу комплексно и скапо. Наместо тоа тие анкетираа околу 1200 економисти и финансиски експерти од 120 земји да го оценат расположението на населението во нивните земји. Институтот ИФО од 1981 година, на секои три месеци интервјуира економски експерти за економскиот развој на нивните земји и врз основа на тоа го изработува Светскиот економски преглед. Прашањата за глобализација и кинески инвестиции за првпат беа поставени во рамките на ова последно истражување.

 

DW.COM

Реклама