Гласањето тече мирно, излезноста од час на час расте | Северна Македонија | DW | 30.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Гласањето тече мирно, излезноста од час на час расте

До 11 часот гласале 8,03% од запишаните гласачи. Процесот тече мирно, со исклучок на еден случај во Скопје каде момче ги навредувало граѓаните што излегле да гласаат

Од обработени податоци од 92,06% од избирачките места, до 11 часот гласале 8,03% од запишаните гласачи на овие избирачки места, соопшти ДИК. До 9 часот процентот на избирачи кои гласале беше 2,45 отсто.

Од ДИК велат дека најголема излезност има во општина Центар или 13,31 проценти, потоа во Крива Паланка 13,08 отсто и во Карпош 12,51 отсто. До 11 часот најниска е излезноста во Могила 3,16 отсто и Пласница 3,30 отсто. Досега биле пристигнати 7 приговори за заштита на избирачкото право, од кои 3 се одбиени, а 4 се уште се во обработка.

Гласањето до пладне генерално тече мирно, а вниманието го привлекоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, Даниела Рангелова, и Митко Јанчев кои го остварија нивното право на глас на референдумот. Данев е координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Рангелова претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а Јанчев градоначалник на Кавадарци и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе актуелни и поранешни функционери најавија дека ќе гласаат на референдумот, за разлика од лидерот на партијата, Христијан Мицкоски кој порача „јавноста да почека на неговиот став до 30-ти септември“. 

Нотирани нерегуларности

Испишани графити во врска со референдумот во текот на ноќта и утрово, како и изолиран инцидент во Скопjе, се дел од нерегуларностите пријавени до полицијата во текот на денешнорто гласање за рефeрендумот. Од МВР информираа дека на гласачко место во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, било приведено момче на возраст од 22 години кое ги навредувало граѓаните што излегле да гласаат, а потоа и ги нападнало полициските службеници кои пристапиле да интервенираат.

Набљудувачите (307) на „Цивил“, како што беше  соопштено на прес-конференција, забележалe помали технички проблеми - неработење на УВ ламби во неколку избирачки места во општина Петровец. како и доцнење на отворањето на избирачките места. Таму каде што доцнењето е подолго од 15 минути, Iзбирачките одбори имаат обврска за исто толку време да го продолжат гласањето на тоа место. Набљудувачите на оваа организација евидентирале кршење на изборниот молк во голем број општини низ целата земја - графити на училишни згради каде што се одвива гласањето, како што е случајот во Јегуновце и Петровец. Во општина Бутел лично сведочеле на неумесно однесување на акредитиран набљудувач од невладина организација. Кога повозрасен гласач љубезно прашал каде се наоѓа одредено избирачко место, одговорот на набљудувачот бил: „Оди прашај си го Заев каде е тоа. Гласај на гробишта...“.

Од балконот на зградата спроти основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, три лица, чии податоци им се познати на набљудувачите, ги фотографирале сите гласачи што одат на гласање во тоа училиште.

Гледај видео 00:31

Референдум во Македонија

Регистриран е случај на гласачко ливче кое се скинало при доделувањето, по што било залепено со самолеплива лента. Со тоа, според „Цивил“, е нарушена тајноста на гласањето, бидејќи при пребројување на гласовите, сите од комисијата ќе знаат како гласал граѓанинот. Цивил нотира и дека на Фејсбук профилот „Бојкотирај референдум“ има пост на кој пишува: „Сликајте ги и снимајте ги изродите на македонскиот народ што ќе излезат да гласаат утре! По референдум „почесто“ ќе ги објавуваме.“ Организацијата ги повика граѓаните да пријават поткуп, притисоци и закани на онлајн пријавата на веб страницата Слободни избори или на телефоните: 02 / 5209 176, 070 / 461

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама