Геј пингвини посвоија јајце | Панорама | DW | 23.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Геј пингвини посвоија јајце

Пингвини од истополова двојка во берлинската Зоолошка градина наскоро би можеле да станат родители.

Скипер и Пинг се геј-пингвинска двојка во Зоолошката градина во германската престолнина. Тие би можеле наскоро да станат родители- посвоители. Според Ања Зајферт, вработена во Зоолошката градина во Берлин брзо се покажало дека тие си припаѓаат еден на друг и станале двојка, а подоцна покажале желба да исквачат јајце. „Затоа почнаа да земаат камења или риба која не ја изеле, и се грижеа за нив многу добро“, вели Зајферт.

Гледај видео 01:32

Истополова двојка пингвини посвои јајце

Вработените во золошката зедоа јајце од друга двојка, која не беше грижлива кон своите јајца. На машката двојка и’ беше дадено јајцето. Таа веднаш се фрли на  работа обидувајќи се да го исквачи. Ања Зајферт, смета дека луѓето веројатно би можеле да научат некои работи од пингвините затоа што тие се навистина толерантни. „Во голема пингвинска колонија на истополова двојка пингвини не би се гледало  различно отколку на разнополовите двојки“, вели Зајферт.

Скипер и Пинг агресивно ја чуваат  нивната територија, за јајцето да не им биде украдено. Зоолошката градина во Берлин немала пиле од пингвин со години. Ако јајцето се испили, Скипер и Пинг наскоро ќе станат татковци.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама