Гејтс „ разочаран“ од Ирак | Вести | DW | 06.08.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Гејтс „ разочаран“ од Ирак

*

Американскиот министер за одбрана Роберт Гејтс изрази разочарување од напорите на ирачките политичари кои ги пружаат за национално помирување. Владата во Вашингтон ќе мора да го разгледа натамошното стационирање на војници доколку до септември не се постигне напредок за мирен соживот на различните групи. Досега водството во Вашингтон без резултат бараше закон за праведна распределба на профитот од нафта и термин за регионални избори во земјата.